• Latest

Битиќи: Го воведуваме првиот дигитален асистент „АДА“, базиран на вештачка интелигенција

February 15, 2023
Министерот Тимчо Муцунски во Лвив, Украина, на Денот на Европа, 9 мај 2025 (фото извор: Профилот Х на Муцунски)

Министерот Муцунски беше дел од министерскиот состанок на Основната група за Специјалниот трибунал за злосторство агресија против Украина; Амбасадорката Дир се заблагодари за поддршката

May 10, 2025
A sculpture installation at the Lawn on D | Flickr (CC BY-NC-ND 2.0)

Револуцијата на градот во кој може да се живее

May 10, 2025
Фото: Zaporizhzhia RMA

Северна Македонија се приклучи на повикот на ЕУ за безусловен 30-дневен прекин на огнот во Украина

May 10, 2025

Љубомора и завист во антизападниот македонски политички блок

May 10, 2025
Потписот на Доналд Трамп (Wikimedia Commons)

Трамп преку проглас ќе промовира порака за „самодепортација“ на мигрантите

May 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан и Индија се движат кон тотална војна по новиот бран напади

May 10, 2025

Борел: Три пати повеќе експлозивна моќ е фрлена врз Газа отколку што беше употребена во бомбата во Хирошима, а ние снабдуваме половина од тие бомби!

May 10, 2025

„Фицо го помина Денот на победата со воен злосторник“- извикуваа илјадници граѓани на протести низ Словачка

May 10, 2025

Партии на Босна и Херцеговина и опозицијата од Република Српска потпишаа Политичка платформа за мир

May 10, 2025

Албанија во изборен молк; Јавните политички активности „замрзнати“; Битката се сели на гласачките кутии во недела

May 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Го воведуваме првиот дигитален асистент „АДА“, базиран на вештачка интелигенција

„АДА“ може да ги води потенцијалните странски и локални инвеститори чекор по чекор низ процесот на избирање мерки на финансиска поддршка кои највеќе одговараат на нивните бизнис потреби и се очекува да направи револуција во канцелариската работа, рече Битиќи.

February 15, 2023 17:35
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
На денешната седница на Владата на Република Северна Македонија, преку демо-симулација беше извршена презентацијата на првиот дигиталниот асистент во јавниот сектор во нашата земја, „АДА“ дизајниран за потребите на програмите за државна помош.

Преку дигиталниот асистент, граѓаните и заинтересираните странски инвеститори ќе можат да ги добијат сите релевантни информации и да се запознаат со достапните програми и отворени повици и гарантира голема транспарентност, ефикасно и ефективно добивање на податоци за бизнисот во реално време.

– Апликантот „Кодвел Анлимитед“ кој на објавениот јавен повик беше оценет во конкуренција на три проекти како најиновативната идеја за дигитален AI асистент за чија реализација државата преку Фондот за иновации и технолошки развој обезбеди девет милиони денари од буџетот на ФИТР, изврши симулација како во пракса ќе функционира „АДА“, базиран на вештачка интелигенција, која за прибирање на информации комуницираше со дел од институциите кои се јавуваат како даватели на државна помош, и тоа: Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони и Фондот за иновации и технолошки развој, наведе заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.

Како што појасни Битиќи, преку дигиталниот асистент, граѓаните и заинтересираните странски инвеститори ќе можат да ги добијат сите релевантни информации и да се запознаат со достапните програми и отворени повици и гарантира голема транспарентност, ефикасно и ефективно добивање на податоци за бизнисот во реално време.

– Со воведување на дигиталниот AI асистент до 80 проценти ќе се автоматизираат сите интеракции со корисниците, што ќе придонесе до голема заштеда на ресурси, проактивна комуникација со граѓаните, намалување на метежот во институциите, како и поефикасни и поефективни процеси, услуги и зголемување на продуктивноста на вработените. „АДА“ ќе биде достапна за граѓаните и заинтересираните странски инвеститори 24/7 и ќе може да даде одговор на сите најчесто поставувани прашања поврзани со Програмите за државна помош на Владата на Република Северна Македонија, додаде вицепремиерот.

Тој додаде дека дигиталната алатка ќе има за задача да ја олесни комуникацијата и пристапот до информации на домашните и странските компании и инвеститорите.
– Дигиталниот асистент е способен за брзо учење, ќе овозможи комуникација со корисниците преку текстуални пораки, да го прилагоди својот јазик и тон врз основа на контекстот, да разбере и одговори на македонски, албански и англиски јазик и лесно да се ажурира во реално време.
 Дополнително, преку асистентот корисниците ќе можат да ја проверат и подобноста на своето претпријатие за некои од отворените повици, додека претпријатијата кои пак се интересираат за некоја од програмите, ќе можат да бидат информирани од страна на асистентот и да се пријават за истата преку оставање на потребните податоци, наведе Битиќи.

Вицепремиерот посочи дека со цел привлекување на поголем број странски инвестиции во земјата, асистентот ќе биде истрениран да ја претстави нашата држава како поволна инвестициска дестинација, притоа ќе понуди персонализиран пристап при комуникација со потенцијални странски инвеститори.
– „АДА“ може да ги води потенцијалните странски и локални инвеститори чекор по чекор низ процесот на избирање мерки на финансиска поддршка кои највеќе одговараат на нивните бизнис потреби и се очекува да направи револуција во канцелариската работа, рече Битиќи.

Имено, инспирација за дизајнирање на оваа алатка е Ада Ловлејс која се смета за првата програмерка во светот.

Во периодот кој следи и други владини институции ќе влезат во процес на адаптација и учење на „АДА“ со цел проширување на нејзините капацитети како би можела кон граѓаните да испорачува повеќе услуги.

Во иднина, дигиталниот асистент „АДА“ ќе биде основна контакт точка за услуги на граѓаните која ќе биде целосно дигитализирана. Тоа ќе придонесе до зголемување на ефикасноста, ефективноста, но поважно и транспарентноста на јавните услуги.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ