• Latest

Битиќи и Османи во Њујорк потпишаа Меморандум и Договор со Зелениот климатски фонд

September 20, 2023
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Битиќи и Османи во Њујорк потпишаа Меморандум и Договор со Зелениот климатски фонд

September 20, 2023 14:57
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во придружба на генералниот секретар на Владата, Методија Димовски, во седиштето на Постојаната мисија на Република Северна Македонија во Обединетите нации, Њујорк, со извршниот директор на Зелениот климатски фонд, Мафалда Дуарте, потпишаа „Меморандум за разбирање“ и  „Договор за привилегии и имунитети“ со што ќе се овозможи Регионалниот програмски дијалог за земјите од Источна Европа и Централна Азија да се одржи во Северна Македонија од 18 до 22 март 2024 година, под покровителство на Зелениот климатски фонд.
Со потпишувањето на овие два документи се зацврстуваат основите за ефикасно проширување и продлабочување на соработката на Северна Македонија со Зелениот климатски фонд во насока на зајакнување на капацитетите за прилагодување, ублажување и спротивставување на климатските промени.

По овогодинешното 78 Генерално Собрание на ОН и Самитот за одржлив развој и очекуваниот состанок на Зелениот климатски фонд во Германија, за финансиски заложби од развиените земји, стратегискиот поглед на светските лидери на економскиот развој ќе биде во фокусот на Целите за одржлив развој и климатска акција. Во овој контекст поддршката од Зелениот климатски фонд станува значајна во напорите за приближување на Северна Македонија кон остварување на овие цели.

По потпишувањето, вицепремиерот Битиќи и министерот Османи со Дуарте зборуваа за проектите кои се финансирани и од Зелениот климатски фонд за што се обезбедува и дополнителна финансиска поддршка за нивно успешно имплементирање. Како на пример, формирање на Национален фонд за енергетска ефикасност, изградба на пречистителна станица за градот Скопје, енергетска ефикасност на згради, како и за заедничките напори за одобрување на проектната апликација за Национален план за адаптација. Ова се дел од проектите преку кои се фондот е директно вклучен во финансирање на одговори на климатските промени и зајакнувањето на капацитетите на Северна Македонија.

Вицепремиерот Битиќи потсети дека во рамки на Проектот за подготвеност е инициран процес за акредитација на Фондот за иновации и технолошки развој, како национално тело за директен пристап до средства од Зелениот климатски фонд.

„Во рамки на продолжувањето на овој проект ќе отпочне и следната фаза во процесот на акредитација на ФИТР, преку кој  ќе се очекува поголемо вклучување на приватниот секторот. Предвидено е надоградување на системот е-влада, преку кој Владата ќе има реални податоци за статусот на имплементација на Целите за одржлив развој, Парискиот договор, поглавјата и кластерите на ЕУ“, рече вицепремиерот Битиќи по потпишувањето на Меморандумот.

„Зајакнувањето на капацитетите за ублажување и прилагодување кон климатските промени, останува врвен приоритет на нашата земја. Последните глобални временски непогоди, кои резултираа со голем број на жртви, повторно нè потсетија дека треба сериозно да се посветиме кон постојана заштита на природата“, истакна Османи нагласувајќи дека поддршката на овој Фонд, е од исклучителна важност и поради фактот дека климатските политики се високо на агендата на ЕУ, а Северна Македонија, како земја-кандидат, ја очекуваат суштински реформи, како во усогласувањето на законодавството така и во преземањето на конкретни чекори за реализација на климатските политики.

„На наше задоволство го потпишуваме договорот за привилегии и имунитети со Северна Македонија. Ова е еден важен чекор во нашето долгогодишно партнерство кое ја отвора вратата за уште поблиска соработка со еден силен поборник на климатска акција“, рече Дуарте.

Помеѓу вицепремиерот Битиќи, министерот Османи, генералниот секретар Димовски и г-ѓа Дуарте беше дискутирано и за потенцијални нови проекти од областа на земјоделско осигурување, наводнување, земјишна реформа и отпорност на инфраструктурата кон климатски промени.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ