Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска се сретна со новоназначениот амбасадор на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон.
На почетокот на средбата вицепремиерот Битиќи му посака добредојде во нашата земја и изрази сочувство за смртта на Нејзиното Величество, кралицата Елизабета Втора, со желби за успех и добро здравје на Неговото Величество, кралот Чарлс Трети.




Вицепремиерот Битиќи се заблагодари на досегашната поддршка што Обединетото Кралство ја нуди во развојот на земјава, реализирајќи неколку проекти преку кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, како Единицата за следење на (капиталните) инфраструктурни проекти и креирањето на Националната Развојна Стратегија 2022 – 2042.












