• Latest
Photo by Matthew Henry on Unsplash

Битиќи на Самит во Црна Гора, панел за „Иднината на Европа“ во Скопје, за Бугарија, по стоти пат: врзете ги појасите

December 2, 2021
Foto: Wikimedia commons

Фон дер Лајен: Подготвени сме да напишеме ново поглавје во односите меѓу ЕУ и Кина

July 8, 2025
Фото: Основно јавно обвинителство

Oтворена првата просторија за сослушување на деца – жртви и сведоци на трговија со луѓе во рамки на Јавното обвинителство

July 8, 2025

Израелскиот план за присилно преместување на населението од Газа „хуманитарен град“ е план за злосторства против човештвото, алармираат адвокати за човекови права и правни експерти

July 8, 2025

ДЗР: Недоволниoт буџет за програми за здравствена заштита и застојoт во капиталните инвестиции влијаат на квалитетот и достапноста на здравствените услуги

July 8, 2025
Фотографија: Ал Џезериа Фејсбук профил

Во Газа, гладот не е катастрофа, туку тактика – хуманитарната помош станува оружје

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
NBC News

Најмалку 11 мртви и стотици уапсени во антивладините протести во Кенија

July 8, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп најави нови тарифи до 40% за сè поголем број земји

July 8, 2025

УНЕСКО: Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на повеќе од 100

July 8, 2025

Извештајот на Вајц денеска на дискусија пред европратениците

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Битиќи на Самит во Црна Гора, панел за „Иднината на Европа“ во Скопје, за Бугарија, по стоти пат: врзете ги појасите

December 2, 2021 08:56
in ВЕСТИ, ТОП 5
Photo by Matthew Henry on Unsplash

Photo by Matthew Henry on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

УТРИНСКИ КОЛУМНИ

Не беше тешко да се предвиди дека стратегијата на Софија за блокирање на евро-интегративниот пат на Македонија ќе предизвика (најмалку) две крупни последици за самата Бугарија.

Едната е тоа што европската иднина на Македонија е темелно блокирана, со дополнителна компликација што тоа го носи за вториот дел од „тандемот“, Албанија. Навистина, геополитичката, економската и општествената штета од однесувањето на Бугарија е огромна пред сѐ за нас и за Албанците, но ваквата груба бугарска интервенција во евро-американската стратегија за Балканот ја става Софија во позиција да биде централен проблем, а не дел од решението за таа стратегија. И тоа проблем кој сите го третираат како ирационален и непринципиелен, чии регионални безбедносни последици само уште повисоко ќе го зголемуваат притисокот врз Бугарија до точка до која ќе видиме до каде е подготвен нашиот источен сосед да ја доведува и својата регионална позиција во прашање, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „За Бугарија, по стоти пат: врзете ги појасите!“

ЦИВИЛ со осуда на секој облик на креирање и ширење дезинформации и омраза по било која основа и на било кој начин

ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, која во континуитет спроведува мониторинг на општествените и политичките процеси, како и на дезинформациите и говорот на омразата. Организацијата остро го осудува секој облик на креирање и ширење дезинформации и омраза по било која основа и на било кој начин.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат дезинформации и говор на омразата преку онлајн Граѓанска пријава, како и во директна комуникација со организацијата.

НАСТАНИ

САМИТ: Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи ќе престојува во Црна Гора, каде ќе има средби со потпретседателот на црногорската Влада, Дритан Абазовиќ и со министерот за финансии и социјална грижа, Милојко Спајиќ.

Битиќи, како што соопштија од неговиот кабинет, ќе учествува на „Самитот на шефови на влади на Централно Европската иницијатива“.

За време на Самитот, вицепремиерот Битиќи ќе учествува на посебниот настан, „Патоказ за здравјето и благосостојбата на Западен Балкан“, на „Пленарната сесија на шефовите на Владите на Централно Европската иницијатива“, како и на панелот на кој ќе се дискутира пост-пандемската иднина во Европа

ПАНЕЛ: Пет амбасадори од Вишеградската група – Чешка, Унгарија, Полска и Словачка, како и амбасадорот на Словенија, земја актуелен претседавач со Европската унија, акредитирани во Република Северна Македонија ќе учествуваат денеска на панел-дискусија на Универзитетот Американ Колеџ Скопје на тема „Иднината на Европа – еден поглед од земја-кандидат за членство во ЕУ“.

Како што информираат од УАКС, настанот е дел од големата паневропска иницијатива „Конференција за иднината на Европа“ во која првпат можност за учество добиваат и македонските граѓани, односно студентите од УАКС, преку поддршката од унгарското претседателство на Вишеградската група.

На панелот ќе се обрати проф. д-р Марјан Бојаџиев, провост на УАКС а панелисти се амбасадорот на Унгарија Ласло Иштван Дукс, на Чешка Мирослав Томан, словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш, полскиот Војциех Тицињски, и словенечкиот амбасадор Милан Предан.

ОДБРАНА:  Во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, ќе се одржи свечена церемонија за промоција на новите офицери – потпоручници од 21та класа и свечена заклетва на 25-тата класа на питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.

На свеченоста, според најавата од МО, ќе присуствуваат врховниот командант и претседател на Република Македонија Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и останати високи гости од Министерството и Армијата.

ПРЕЗЕНТАЦИЈА: Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски денеска ќе ги презентира резултатите од сеопфатната анализа на ефектите од странските вложувања во технолошко индустриските развојни зони во изминатите 10 години, што првпат ја спроведе ТИРЗ.

-Големата анализа опфаќа повеќе параметри, како вкупни приходи, број на вработени, продуктивност, плати, уплати во Буџетот, нето приходи, и поврат на инвестиции. Анализата, меѓу другото, покажува дали државата и инвеститорите имаат бенефит од вложување во зоните, кои се научените лекции и кои се идните правци за новата македонска развојна економија, велат од ТИРЗ.

Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА. 

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ