Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска заедно со генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт, ќе изврши увид во градежните работи на мостот на улица „Љубљанска“, информираат од владината прес служба.
Мостот се гради во Општина Карпош со средства од ТАВ програмата за што се одвоени над шест милиони и 200 илјади евра.