• Latest

Битиќи од Брисел: Изборот и патот се јасни – Северна Македонија целосно интегрирана во ЕУ

March 3, 2023
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
Михаил Звинчук

Црна Гора: Приведен Звинчук, шефот на руската пропагандна мрежа „Рибар“

October 9, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи од Брисел: Изборот и патот се јасни – Северна Македонија целосно интегрирана во ЕУ

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи jа заврши тридневната официјална посетата во Брисел на која земјава ги отвори Поглавјата 9 – „Финансиски услуги“ и 28 – „Права на потрошувачи и јавно здравје“ од Кластерот 2 – „Внатрешен пазар“, кој е еден од носечките кластери и поради својата големина, но и поради важноста, бидејќи во него се содржани поглавјата за четирите основни слободи, кои се основа на Договорот за воспоставување на Европската Унија.

March 3, 2023 13:24
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи jа заврши тридневната официјална посетата во Брисел на која земјава ги отвори Поглавјата 9 – „Финансиски услуги“ и 28 – „Права на потрошувачи и јавно здравје“ од Кластерот 2 – „Внатрешен пазар“, кој е еден од носечките кластери и поради својата големина, но и поради важноста, бидејќи во него се содржани поглавјата за четирите основни слободи, кои се основа на Договорот за воспоставување на Европската Унија.

Вицепремиерот Битиќи изјави дека интегративниот процес на земјата е стабилен и изборот е јасен – Северна Македонија целосно интегрирана во Европската Унија, констатација која произлезе од состанокот со европскиот комесар за економија, финансии, даноци и царина, Паоло Џентилони. Битиќи посочи дека Џентолини ја потврди заложбата и ставот на Европската комисија дека Северна Македонија е од стратешко значење за Унијата.

– Силно сме посветени на усогласување на правото и регулативите на Европската Унија со цел полноправно членство. Но поважно, подготовка и зголемување на конкурентноста на домашната економија со цел што побрза и полесна транзиција кон единствениот пазар на ЕУ. Од нас зависи, ние мораме да работиме дома, сите заедно кон исполнување на оваа цел до 2030 година, рече Битиќи.

Како што информираа од владината Прес-служба, вицепремиерот посочи дека за постигнување на оваа цел, патот е јасен, засилено усогласување на препораките и директивите од Европската комисија, зајакнување на конкурентноста преку инвестиции кои носат додадена вредност, вложување во образование и инвестиции во истражување и развој како и човечкиот капитал.

– Да креираме пазар на труд кој ќе може да биде подготвен за четвртата индустријализација, конкурентен и лесно прилагодлив. Да продолжиме со унапредување на регионалната соработка преку редефинирање на синџирите на снабдување како и диверзификација на изворите на енергија и зголемување на капацитетите од обновливи извори на енергија, изјави Битиќи.

Битиќи, како што е наведено во соопштението, оствари уште неколку официјални средби со генералните директори во Директоратот за образование, млади, спорт и култура, како и Директоратот за истражување и развој и на овие состаноци беше изразена искрена поддршка на евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

На состанокот со директорот на ЦЕФТА беа дискутирани тековните и идните планови и економски политики кои ние како рамноправен член на ЦЕФТА сме се обврзале да ги имплементираме, додека на состанокот со Еурочемберс беше искажана подготвеност за поддршка од комората која ги обединува најголемите стопански комори во Европа со цел побрза интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Фото: Влада на РСМ

Tags: БитиќиКластер 2ЦЕФТА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ