• Latest

Битиќи за „Фронтлајн“: Со заемот од Унгарија се внесува корозивен капитал со потенцијал да ја разјаде нашата економија и демократија

September 19, 2024

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Битиќи за „Фронтлајн“: Со заемот од Унгарија се внесува корозивен капитал со потенцијал да ја разјаде нашата економија и демократија

September 19, 2024 13:59
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Со заемот од Унгарија се внесува финансиска обврска за државата, но и корозивен капитал кој има потенцијал да ја разјаде нашата економија и демократија. Ова задолжување се случува не со цел да се развие економијата, да се создаде додадена вредност за домашните бизнис, да се зголеми нивната компетитивност и конкурентност, намерата е вгнездена надвор од економијата, во политичката сфера“ – вели во изјава за „Фронтлајн“, Фатмир Битиќи – актуелен пратеник и поранешен вицепремиер за економски прашања.

Тој потенцира дека економското разумно размислување не може да доведе до склучување на ваков договор.

– Државата се турка во ситуација кој е типична за градење на односи меѓу авторитарни држави, а тоа е инструментализирање на економски ресурси за остварување на надворешно политички цели. Проблемот е што овие цели, на кои се подредува нашата држава, отстапуваат од западните демократски вредности и принципи. Но, очигледно дека овие вредности ништо не значат за самата власт, самиот процес на задолжување го започна со погазување на нив, вон институционално, во четири очи, под превезот на тајност, договорија задолжување, анализира Битиќи – пратеник од редовите на опозициската СДСМ и економски експерт.

Се соочуваме, додава нашиот соговорник, со пошироко корозивно влијание во општеството, со институционализирање на надворешни политички влијанија и уништување на вредностите врз кои почива македонската демократија.

– Мислам дека ова е само еден мал сегмент од процесите кои отпочнаа со промената на власта, а кои водат кон надворешно политичко свртување на државата кон сфери на интереси кои се под влијание на авторитарни држава. Сериозно отстапување имаме од западно европскиот курс, а од тоа поштетно за државата, за иднината, не постои, вели нашиот соговорник.

Според него, единствената „позитива“ (тука употребувам доза на сарказам, вели Битиќи) со овој заем е поврзана со јавниот долг: единствено тој ќе расте – што не е добро за нашата држава.

– Со ова задолжување од 500 милиони евра, се зацврсти правецот на раст на јавниот долг и негово придвижување кон 68%, но овде нема да се застане. Намерата за дополнително задолжување е веќе изразена, се најавуваше една милијарда евра, останува уште половината со која долгот ќе се зголеми на 75% од БДП, подвлече тој.

Битиќи вели дека отсуството на транспарентност е основната карактеристика на овој кредит. Тоа се препознава во сите негови сегменти, вклучително и во делот на провизии.

– Тие не ги знаеме, не се видливи, ги нема во Договорот, се кријат. Износот што го споменувате беше соопштен од собраниската говорница, но тоа ништо не значи за реалниот износ на провизијата, затоа што за неа во образложението на законот, ниту во законот, ниту во Договорот, не се зборува. Проблемот овде е што не знаеме дали се внесуваат скриени трошоци надвор од провизиите кои ќе се плаќаат, а кои ќе се реализираат преку фирма која ќе си ја избере банката. Нетранспарентноста отвора прашања кои се клучни за да ја добиеме целосната слика за овој заем. Фактот дека банката самата ќе одлучува која фирма ќе ги добие правните услуги, покажува дека ние немаме никаква контрола врз процесот. Со други зборови, државата е сведена на пасивен актер во сопственото задолжување, при што странските интереси ги диктираат условите, а македонските институции немаат можност да се вклучат активно во одбраната на нашите економски интереси, вели Битиќи во својата анализа за „Фронтлајн“ – за штетните последици за државата од унгарскиот кредит договорен меѓу премиерите Христијан Мицкоски и Виктор Орбан.

Запрашан за провизијата од 70.000 евра за консултантски правни услуги и каде ќе завршат овие пари, Битиќи е скептичен дали овие пари ќе завршат во стопанството како додадена вредност или на друго место.

– Најавено е дека парите ќе завршат во стопанството како додадена вредност, но дали тоа ќе биде така или ќе заврши на друго место, ќе покаже времето. Имајќи го во предвид целито контекст во кој ова задолжување се спроведе, повеќе од важно за интересот на државата е да имаме конкретни системски механизми за надзор и транспарентност, кои ќе спречат парите да се насочат по политички интереси, наместо во вистински развој. Во оваа смисла, за да се добие целосен одговор на прашањето, треба да се земе и во предвид дека наредната година ќе имаме локални избори. Одговорот на прашањето бара да се земат во предвид и локалните избори наредната година. Со тоа што 250 милиони евра ќе се насочат кон општините, тоа е форма на предизборен поткуп и корупција, нагласи нашиот соговорник.

Три години, истакна Битиќи – во најголемиот дел од општините, кои се под раководство на градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, ништо не се реализираше, инфраструктурните проекти беа маргинализирани, сега со кредит ќе се надополнува тоа што пропуштија, не знаејќи или не сакајќи, да го направат за граѓаните.

– Кога имаме политички мотиви, не можеме да зборуваме за вистински развој, може да зборуваме само за спакувана илузија за општински успеси кои ќе се базираат на долг кој ќе треба да го отплаќаат идните генерации. Каде ќе завршат парите ќе диктираат политички агенди на фаворизација на општини каде власта ќе сака да го зацврсти своето влијание на локалните избори, што нема да биде ништо повеќе од политичко „плаќање“ на поддршка и обид за прикривање на неуспесите на локалните власти, истакана Фатмир Битиќи – актуелен пратеник и поранешен вицепремиер за економски прашања.

Северна Македонија ќе се задолжи од унгарската експорт Импорт банка, а според текстот на законот ќе треба да плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од Унгарската банка. Провизијата од 70.000 евра за правни услуги ќе се плати пред повлекување на првите пари од Ексим банката.

Парите од кредитната линија се обезбедуваат со камата од 3,25 отсто, 15 години отплата и 3 години грејс-период. Ова практично значи дека кредитот ќе се отплаќа до 2039 година.

Владата најави дека 250 милиони евра ќе бидат наменети за финансиска поддршка на домашните компании, а 250 милиони за инфраструктурни проекти за општините.

Средствата од кредитот кој нема да се повлечат ќе се пресметува камата. Договорот за заемот е регулира според законите на Унгарија, а доколку настане спор меѓу двете држави, тој ќе се решава на арбитража пред судот во Хаг.

Дестан Јонузи/Фронтлајн

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ