• Latest
Руските окупатори мобилизираат во Донбас.

Битката за Донбас: Војна што трае осум години

April 25, 2022

(ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

April 27, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лажги

April 26, 2026
Чорнобил, некогаш и сега

40 години по Чорнобил: Војната повторно ја носи заканата од нуклеарна катастрофа

April 26, 2026

До пазарот и назад

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026
Чорнобил, 1986

За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

April 24, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

April 24, 2026
фото: СДСМ

Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

April 24, 2026

Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

April 24, 2026
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

Фашизмот и ние

April 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    (ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    (ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    До пазарот и назад

    Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Битката за Донбас: Војна што трае осум години

April 25, 2022 14:44
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Руските окупатори мобилизираат во Донбас.

Руските окупатори мобилизираат во Донбас.

Share on FacebookShare on Twitter

ДАРИЈА ЃОРЃИЕВСКА

Деновиве Руската Федерација ја започна втората фаза на воена агресија против Украина, која меѓународните воени експерти ја нарекоа „Битката за Донбас“. Реториката на Кремљ, исто така, значително се промени: пропагандистите зборуваат за „ослободување на Донбас“, бидејќи плановите „да се заземат Кијив, Харкив или Мариупол за 3 (или 33 дена)“ – срамно пропаднаа.

Руската војска и насилно мобилизираните од самопрогласените републики Донецк и Луганск повторно ќе го „спасуваат“ населението на ОРДЛО (кратенка која ги означува областите окупирани од РФ), всушност без да штедат деца, жени или постари лица. За жал, токму тоа го направија уште пред 8 години, кога под изговор за „угнетување“ на населението што зборува руски во 2014 година, Руската Федерација окупираше дел од украинската територија.

Од кого планираат да го ослободат веќе окупираниот регион и кој е тој „геноцид“ за кој толку гласно пропагираат руските пропагандисти? Прашањата се реторички. Решивме да дознаеме за ова од примарни извори, а имено да разговараме со Украинци кои се родени и живееле во окупираните градови.

Почеток

На појавата на ОРДЛО му претходеа бројни собири организирани од страна на руските специјални служби, зголемување на пропагандни информации од гласноговорниците на Кремљ и желбата да се убеди локалното население во тоа дека Украина како држава нема иднина и во тоа колку добро се живее во Русија. После 8 години окупација, најверојатно никој нема илузии за второто.

„Никогаш, ниту на јавно место, ниту на вечера со пријателите дома, не сум слушнала за желбата на мештаните да се разделат од Украина. Да не зборуваме за јазично угнетување – баш напротив, во 2012 година беше донесен закон за зајакнување на регионалните јазици, така што беше можно некој да се појави пред суд или, на пример, да поднесе официјални изјави како на украински, така и на руски јазик“, рече активистката за човекови права Аљона Јермакова, жителка на Луганск која зборува руски.

Терористичките групи предводени од самопрогласените водачи на таканаречените „народни републики“ ги зазедоа административните згради, прогласија промена на власта на окупираните територии и одржаа псевдореферендуми за самоопределување на регионите како посебни републики. Според нивните резултати, повеќе од 90% од жителите на ОРДЛО гласале за нивно создавање, но според нашите податоци, повеќе од две третини од граѓаните ги сметале и сè уште ги сметаат акциите во Донбас за окупација.

Тешко е да се дадат точни бројки за оние кои не се согласуваат со резултатите на псевдореферендумите дури и по 8 години војна – во окупираните региони практично нема слобода на говор, а за поддршка на Украина, осуда на локалните власти или Русија (тоа може да биде и обичен лајк на украинска објава на социјалните мрежи) луѓето веднаш ги носат „во подрум“. Буквално. Во подрумите на запленетите административни згради терористите создадоа затвори за Украинците – најстрашниот подрум, според оние кои успеале да преживеат, бил подрумот на запленетата зграда на СБУ. Таму претставници на специјалните сили мачеа и убиваа луѓе кои искажуваа и најмало несогласување или противење на окупаторите.

„Ме однесоа во подрумот токму затоа што вршев антиокупациски активности, а ме спаси тоа што окупаторите само нагаѓаа за тоа, но немаа јасни докази. Ме обвинија дека сум шпионирала за Вооружените сили на Украина, велејќи дека е ‘член за егзекуција’. Не поставував прашања, не се оправдував и тоа многу ги изненади. Јасно е дека кога би знаеле за моите активности, веројатно немаше да можам жива да излезам од подрумот. Ме држеа таму една недела, а потоа ми дадоа 24 часа да излезам од куќата. Отидов во Мариупол и почнав сè од нула таму, сè уште не знаејќи дека за 8 години РФ повторно ќе дојде да нѐ ‘спасува’ и ќе не лиши од сè,“ се присетува активистката за човекови права Аљона Јермакова.

Активистката раскажа и за цената на активизмот за ослободување од окупацијата.

„Во 2014 година, локалните активисти испечатија налепници со зборовите ‘Сакам да си одам дома’, прикажани со позадина од украинското знаме. Тоа беше доволно за да ги фрлат во подрум и да ги измачуваат. Меѓу нив беше и мојот кум, украински свештеник. Кога се распрашувавме за судбината на исчезнатите или затворените кај полициски службеници кои застанаа на страната на ЛНР, добивме одговор: ‘Тој ќе се врати за две недели или… никогаш нема да се врати’. Мојот кум имаше среќа – навистина, тој се врати со скршени ребра и рани, но жив. За жал, такви ги имаше малку“.

Економијата на окупираните територии

„Веќе во првите денови од војната, окупаторите започнаа масовни грабежи на претпријатијата во регионот и започнаа со извоз на опрема од истите во Русија. Она што не можеа да го извезат беше исеченото старо железо од локалните терористи. Дали вреди да се спомене дека практично ништо не остана од металуршкиот, машинско-градежниот и енергетскиот центар на нашата земја?“, раскажува Олена Демидова, вработена во канцеларијата на Народниот правобранител и поранешен уредник на „Психологија денес“, родум од Алчевск, Луганска област, која зборува руски.

Ова е навистина така. Донбас обезбедуваше четвртина од извозот на Украина (околу 17 милијарди долари годишно) – металуршките претпријатија во регионот испорачуваа производи во 50 земји. Поради ова, Украина, на пример, беше рангирана на 10-то место во светот во производството на челик, но во 2014 година, по окупацијата, показателите на секторот падна на рекордно ниско ниво.

Истата судбина ја снајде и индустријата за јаглен: 75% од вкупното производство на јаглен беше во Донбас, во 2014 година, две третини од рудниците беа на привремено окупираните територии.

Општо земено, ОН ги проценуваат индустриските загуби на Украина од окупацијата на Донбас од страна на РФ на 1,9 милијарди долари (од 2014 година, тешко е да се замисли какви бројки ќе се именуваат по војната).

Во моментов, вкупната штета од злосторничките дејствија на Русија против Украина надминува 63 милијарди долари и оваа сума секојдневно се зголемува.

„Не се зборуваше за продолжување на бизнисот или за добивање нормална работа во окупираните територии на Донбас: на почетокот, таму беше на сила само Кривичниот законик од 1961 година, кој предвидуваше воен суд и егзекуција, а потоа се појави нешто како сопствен даночен систем, со што конечно се стави крај на постоењето на малите и средни бизниси. Претпријатијата што им носеа профит на окупаторите функционираа, но јасно е дека овие пари не одеа во буџетот“, продолжува Аљона.

Украина продолжи да се грижи за социјалниот сектор 

Откако ја презедоа власта, терористите почнаа да им издаваат на Украинците пасоши на ДНР и ЛНР, кои, се разбира, никаде не беа признати. Невозможно беше да се напуштат самопрогласените републики со такви документи – за да се добие пасош, требаше да се влезе на териториите контролирани од Украина: оние што успеваа, повеќе не се враќаа назад.

Беше можно да се добие и пасош на РФ – на почетокот тоа беше доброволен избор, но подоцна на оние граѓани, кои што избираа да останат Украинци, почнаа да им ги кршат правата и да ги угнетуваат. Според различни проценки, околу 400.000 жители (исто така има информации и за 680.000 жители) на ОРДЛО добија руски пасоши – ова ѝ овозможува на РФ активно да манипулира со „спасувањето“ на русите во окупираните делови на украинската земја.

Притоа, Украина не се откажа од исплаќање на социјални бенефиции за жителите на окупираните територии – на контролните пунктови меѓу украинските и окупираните градови се формираа огромни редици со луѓе кои доаѓаа да добијат пензија од украинската влада.

„Во ОРДЛО, лекари и други претставници на јавниот сектор, 8 месеци по окупацијата работеа без да земаат плата. Потоа почнаа да ја добиваат. Во руски рубли. По намалена стапка“, раскажува Аљона Јермакова.

Принудни мигранти

Годишниот извештај на Високиот комесаријат на ОН за бегалци известува за 1,78 милиони внатрешно раселени лица (ВРЛ) од окупираниот од страна на РФ Крим и ОРДЛО заклучно со 2020 година. Сите ги загубија домовите, кариерата, а често и своите најблиски.

„Оние кои имаа можност ги испратија своите синови и сопрузи на територијата на Украина, бидејќи се плашеа дека ќе ги соберат во таканаречената локална армија, која всушност била и останува злосторничка група. Оставањето на саканите таму значеше ризикување на нивните животи. Настаните во последните месеци јасно го покажуваат овој факт: мажите од таканаречените ДНР и ЛНР насилно ги мобилизираат и ги користат како топовско месо за целите на руската армија “, коментира Олена Демидова.

Честопати, бегалците од окупираните територии не само што ги напуштаа своите домови – тие всушност остануваа без нив, бидејќи терористите им одземаа сѐ што им се допаѓаше.

„Луѓето едноставно ги принудуваа да потпишат договор за продажба за 1 руска рубља, држејќи им митралез во близина на слепоочниците. Оние кои успеваа да го продадат својот имот често не можеа да ги извадат парите од ОРДЛО – едноставно им беа одземани на контролните пунктови!“, додава Олена.

Таа говори и за тоа како ја замислува иднината.

„По присилното иселување од Луганск, јас и мојот син, кандидат за научни студии и активист, кој исто така незаконски беше приведен во Крим, се преселивме во Мариупол, изградивме мала куќа, која стана нашиот нов дом. Планирам да се вратам таму веднаш штом ќе заврши бомбардирањето [Аљона успеа самостојно да се евакуира од опколениот град до Лвив – редакциска белешка], дури и ако таму нема светлина или вода. Во меѓувреме ќе ѝ служам на мојата земја таму каде што сум. Обожавам да патувам, но сега не ни помислувам да ја напуштам Украина. Ова е мојата земја, земјата на мојот син, земјата каде што е погребана мајка ми, извадена од Луганск со голем напор. А сите спорни прашања Украинците ќе ги решаваат по победата!“, вели Аљона Јермакова.

Олена, пак, цврсто верува во победата и ослободувањето од руските окупатори.

„Живеам во Кијив веќе долги години и не сум го напуштила од првиот ден на војната. Волонтирам – конкретно, ги поддржувам жените кои биле принудени привремено да ја напуштат земјата и се чувствуваат осамено во туѓина. Верувам во победата и мечтаам за тоа кога окупираните територии на Донбас ќе бидат целосно ослободени од руските окупатори!“, вели Олена Демидова.

Меѓународната изолација на ОРДЛО ја исклучува перспективата за „светла иднина“ за нивните жители, дури и со пристапување на самопрогласените републики во составот на РФ. Всушност, истото ги очекува и русите – сега нивната земја отворено ја нарекуваат „терористичка земја“, а економските и политичките санкции од ден на ден ја претвораат Русија во голем, одделен од светот, срамен затвор за сопствените граѓани.

Авторката е новинарка, бегалка од Украина. Дозволено е преземање на текстот, според лиценцата Creative Commons 4.0 (со наведување на изворот).

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Лажги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ