• Latest
Добро утро со Орданоски

Бизнис-моделот на Субрата Рој за електрични автобуси?

March 8, 2022

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Бизнис-моделот на Субрата Рој за електрични автобуси?

March 8, 2022 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Конечно лидерот на опозицијата, машинскиот инженер Христијан Мицкоски, се зафати со работа која добро ја познава: производство на електрични автобуси во Македонија. За неговата политичка активност во земјава владеат противречни ставови, па така – според свежата анкета на ИРИ, правена пред само 5 месеци, а резултатите објавена вчера  – Мицкоски има висока поддршка под 10% од анкетираните (и само 1% пониска од Заев – кој беше па тој Заев?!), но со најавата дека преговара за купување на 100 електро-бусови за престолнината, па и за производство на такви автобуси за извоз од Македонија, треба да се очекува дека поддршката неминовно ќе му порасне до феноменалниот двоцифрен процент од барем 10.2%!

Планот за постигнување на овој молскавичен успех за сега е таен, до толку што ни скопската градоначалничка Арсовска не ги знае деталите. Од опозицијата процениле дека ако со неа ги споделат информациите за решавањето на горливиот проблем со градскиот превоз во Скопје, таа со нејзе својствената ѝ ароганција и префинетото чувство за кавга ќе ја упропасти генијалната замисла, па решиле и неа и скопјани да ги стават пред свршен чин, како во народната: „Како се држи будала во неизвесност?… Ќе ти кажам за некој ден.“

Елем, за потребите на исполнувањето на предизборното шио-ми-га-Ѓуро-ветување дека годинава ќе се набави нов возен парк во ЈСП, седнал некој од ВМРО-ДПМНЕ на интернет  и прогуглал кој произведува електрични автобуси во светот… Има, се наоѓа, 50-60 компании, од кои половината по Индии и Кини, но и нешто низ Западна Европа, Русија и Белорусија. Бидејќи Путин и Лукашенко се моментно нешто зафатени, претпоставувам дека се распрашале кој во партијата има некој брачед или сват што монтира нешто по овие евро-азиски фабрики и сигурно нашле некого кому, на пауза, му свртеле телефон (на вибер, да не се прави дополнителен партиски трошок)… Собрале квалитетни информации: цените на вакви автобуси се багателни, неколку стотици илјади евра по парче (зависи од должината, бројот на седишта, катноста, дневниот опсег на возење, металик бојата и електриката на предните стакла), плус резервни делови, батерии, продолжни кабли, специјализирани автобуски депоа, обуки, наочари за сонце, уште батерии, депонии за складирање на потрошените батерии и сл. И дошле до ѓутуре сума од 50-100 милиони евра трошок, ако се договорат домаќински, сосе провизии, данок, царина, хомологација, регистрација и уште некоја помала провизија. Плус транспорт франко Скопје.

Хмммм… Одокативно им се видела голема цифрата, па си рекле, а зошто да ги купуваме, кога овде може да се инвестира во таква фабрика, па цената да им падне барем за десетина отсто по автобус! Има логика во тој одржлив бизнис-план. И еден Субрата Рој би се воодушевил од него.

Се јавиле во фабриката со најдобра интернет понуда. „Ало, овде ВМРО-ДПМНЕ“… „Кој сте вие?“, прашала некоја неинформирана секретарка во Индија… „Ние сме македонска опозиција“… Молк од другата страна… „А-ха, е па дојдете на власт, па ќе ве поврзам со директорот“ – и им спуштила телефон!

Врз основа на овие детални преговори, Мицкоски само како политички тизер ја најави инвестицијата за електричните автобуси во Скопје. Наскоро ќе уследат компликуваните подробности од партиската говорница. Ќе се побара владина поддршка, банкарски гаранции, денационализација и експропријација на земјиште, нов кредит од ЕБРД, согласност од ТИРЗ за Бунарџик, две-три нови трафоа од ЕВН, дополнителен увоз на струја, зголемен ископ на јаглен за РЕК Битола и сл. Плус анонимните донатори на Арсовска за решавање на овој проблем.

Бидејќи сите надлежни институции од власта кога ќе ја видат сериозноста на презентацијата слатко ќе се изнасмеат, ќе следува бараж од 26 опозициски прес-конференции, 35 партиски соопштенија и 47 нови интервјуа на Мицкоски по режимските телевизии во кои државната власт ќе се прогласи за криминална, штетна и предавничка, затоа што не се грижи за олеснување на транспортниот проблем на скопјани. Дури тогаш и на Арсовска ќе ѝ се дозволи да искара десетина новинари, оти работат за корумпираната власт и поставуваат дополнителни логични прашања за брилијантниот начин за решавање на автобускиот јавен транспорт во главниот град.

Ете го 1.867-от успешен проект на новата локална власт, кој ќе пропадне заради корумпираноста на централната власт. Ем ВМРО-ДПМНЕ го решил јавниот транспорт во Скопје, ем одговорноста за тој неуспех ќе оди на товар на „пионот на Заев“.

Вонредни избори, нема друго чаре!

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ