• Latest

Бизнис секторот ќе учествува во креирање на наставни програми за студенти

June 22, 2021
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Бизнис секторот ќе учествува во креирање на наставни програми за студенти

June 22, 2021 11:11
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Бизнис секторот ќе се вклучи во креирањето на наставните програми на студентите, со цел тие да се стекнат со потребна стручност и компетентност за да можат да се вклучат во работниот процес на компаниите по завршувањето на високото образование. За таа цел, денеска дел од членките на Стопанската комора на Северна Македонија и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) потпишаа и договори.

Соработката меѓу бизнис секторот и битолскиот Универзитет беше договорена на денешната конференција „Високото образование и бизнисот – заеднички предизвици и приоритети“ организирано од УКЛО и Стопанската комора, на која присуствуваше и заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски.

– Пандемијата не научи дека човечкиот капитал е исклучително важен за справување со новите предизвици за новиот развој којшто треба да го креираме по завршувањето на Ковид-19 за зголемување и на самите вработени. Меѓутоа, и истакнување на се позначајната улога на научно-истражувачките институции во рамки на уредувањето на економските активности во државата, рече Ковачевски.

Тој потенцира дека Владата игра значајна улога во овој дел и само за илустрација спомена дека инвестициите во човечки капитал оваа година и со ребалансот на Буџетот, кој ќе влезе во процедура на 1 јули, како и трошоците за образование, за здравство, за економски активности, односно поддршка на институциите, на компаниите и на друго, се неколкукратно зголемени во однос на 2019 година.

– Со ова Владата ја потврдува својата заложба за инвестиции во човечкиот капитал како еден од најзначајните за развој на државата и постигнување на стапки на економски раст на ниво поголемо од просечните во изминатите години, рече Ковачевски.

Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски истакна дека му е чест што заедно со Стопанската комора организираат ваков настан, на кој треба да се покажеме синергијата меѓу универзитетите и опкружувањето, особено бизнисот.

– Со Стопанската комора работиме долго време. Но, ова е еден настан, со којшто треба да излеземе во јавност и да привлечеме уште повеќе членови, и нивни и наши, други универзитети да го следат примерот и да работиме на заеднички во однос на креирање на иднина на нашите студенти, а подоцна нивни вработени. Често тема е односот меѓу бизнисот и образованието и најчесто со негативна конотација. Со денешниот настан ќе кажеме дека бизнисот и образованието можат да соработуваат, а тоа ќе го покажеме во годините кои следат, истакна проф. д-р Коруновски.

Потпретседателката на Стопанската комора, Јелисавета Георгиева Јовевска истакна дека бизнис секторот сака да биде коректив, меѓутоа и да ги следи процесите коишто се случуваат во образованието.

– Од посетата на компаниите и од анкетите кои секојдневно ги правиме со нашето членство, недостасуваат или треба да се обрне повеќе внимание на стручноста и компетенциите на студентите по завршувањето на факултетите. Во следниот период, ќе обрнеме уште поголемо внимание на тој проблем и се надеваме дека со научната фела и власта, која ги креира тие програми, ќе бидеме заеднички чинител во овој процес, истакна Георгиева Јовевска.

Министерството за образование и наука го продолжува дијалогот со бизнис заедницата, а факултетите ќе бидат активно вклучени во процесот на приближување на високото образование на барањата на пазарот на трудот. Заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани во обраќањето на Конференцијата „Високото образование и бизнисот – заеднички предизвици и приоритети“ рече дека овој дијалог е продолжение на соработката што МОН ја имаше со стопанските комори во процесот на утврдување на потребите на компаниите и креирање на нови струки во средните стручни училишта, за кои уписите се во тек.

– Преку кампањата „Учи паметно, работи стручно“, поддржана од Амбасадата на Швајцарија создаваме средно стручно образование кое, особено преку дуалното образование, ќе обезбеди кадар баран од компаниите, но и зголемување на можностите за вработување на младите. Истовремено ова е солидна основа за продолжување на образованието на високообразовните установи посебно на техничките факултети, кои изминатиот период беа помалку атрактивни за младите, нагласи Шабани.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    173 shares
    Share 69 Tweet 43
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ