Започна протестот на Здружението на граѓани „Преродба“ пред Собранието на Република Македонија, за како што велат продолжување на македонскиот отпор.
Протестот и блокадите иако беа закажани за во 10 часот, тие започнаа со доцнење од еден час и присутни се околу триесеттина граѓани.
https://www.facebook.com/civil.mk/videos/1923862001014224/
Организаторите најавуваат протести секој ден од 10 до 14 часот, сè додека не се исполни барањето за поднесување оставка на актуелната власт.
„Од говорницата пред Собранието ќе се обратиме со Општ јавен повик за продолжување на континуираниот македонски отпор, народна/граѓанска непослушност, против штетните нелегитимни недемократски и антидржавни политики на нелегитимната власт“ , се вели во нивното соопштение.
Иницијативата „Бојкотирам“ се оградија од протестите закажани од „Преродба“, и според нив се работи за очајници што ќе спремаат сценарио како на 27 април 2017. Но и покрај оградувањето од овие протести, насекаде околу кампот се поставени обележја на „Бојкотирам“.
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 61 седница на која на дневен ред e Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за негово изменување и дополнување.
А.П.