• Latest

Блокадите на приватните превозници го намалија обемот на продажба и на дистрибуција на производи

December 8, 2022

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Блокадите на приватните превозници го намалија обемот на продажба и на дистрибуција на производи

December 8, 2022 11:41
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Четврти ден од протестите на скопските приватни автобуси. Толку трае и нервозата кај граѓаните поради блокадите на улиците. Се понезадоволни се и луѓе од бизнисот поради штетити во нивната работа.

Наспроти тоа автобуските приватни превозници и денеска кажуваат дека нема да се повлечат од своето сценарио се додека Градот и ЈСП  не најдат решение за нивниот проблем –  исплатата на заостанат долг кој изнесува над 90 милиони денари.

Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи за „Локално“ реагира дека се уште е тешко да се одредат вистинските димензии на финансиската штета која на бизнисите им ја нанесуваат сообраќајните блокадии, но оти имаат податоци за намален обем и на продажба и на испорака на производи.

„Се вози подолго, се троши гориво, се губат работни часови, бизнисите трпат“, вели Бошков.

„Нездоволството е токлку големо што е немерливо за фирмите. Станува збор за ограничена мобилност, во секој поглед и тоа е проблем, па повеќе услугите и дистрибуцијата и превозот се соочуваат со проблеми. Не знам дали може да се измери штетата што ја трпи стопанството и со какви варијабили да се изработи анализа за да знаеме во текот на денот колку губи бизнисот, особено компаниите кои гравитираат во Скопје. Но, знаеме дека има штети во електронската трговија, во делот на логистиката“, посочува Бошков и додава:

„Драстично им е намален прометот на оние што испорачуваат храна на одредени локации, тоа се случува и со испораката на одредени други материјали и производи. Понатаму, такси превозниците веќе речиси и не возат низ градот.  Еве, ние за просторијата на конфедерацијата купивме климатизер, па три дена по ред чекаме да ни го монтираат, а не може да ни го испорачаат, во ценатарот на градот се наоѓаме, нема начин како да пристапат до нас. Тоа е типичен пример од дистрибуција на производ од бела техникика”,вели Бошков.

Деновиве и мнистерот за локална самоуправа Ристо Пенов кажа дека граѓаните плаќаат огромна штета поради самоволието на улиците во Скопје, и посочи дека зад сето ова се крие и политчка позадина

Низ градот по улиците има големи гужви, а градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и партиите од власта и од опозицијата меѓусебно се обвинуваат за тоа кој е виновен, но засега не се презема ништо да се реши проблемот.

Градоначалничката е децидна дека договорот со приватните превозници е раскинат.

За СДСМ блокадите на Скопје и хаосот со јавниот превоз се политичка режија на лидерот на опозициската партија Мицкоски,  додека од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека премиерот Ковачевски и градоначалничката Арсовска се виновни за блокадата на превозниците, и прашуваат дали тие „спремаат пат за бугарска фирма да го земе превозот“.

Решението е во добар менаџмент и тргање на политиката настрана

Се повеќе како решение се споменува Бас рапид транзит (БРТ) што го финансира Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а го иницираше како проект екс градоначалникот Шилегов.

Но и рапид транспортот може да биде нефункционален, вели Бошков од Конфедерацијата на работодавачи,  кој оценува дека проблемот со превозот може да се реши само со добро менаџирање и со тргање на политиката настрана од јавните услуги.

Според неговите зборови моделот за јавниот превоз треба да биде изграден врз пазарна основа, а не со популизам и објаснува дека тоа подразбира план за економска оправданост, пари за нови инвестиции и плати за вработените.

„Ние само може да препоставуваме зошто се случува ова. Но, според мене овој проблем датира уште од времето на популизмот на бесплатниот превоз во вторник и петок. Секаде во светот има категории на граѓани кои се возат со субвенции или беспалтно, ама не сите. Ова е резултат на наталожен популизам кога станува збор за јавниот превоз во Скопје. Секој ден поминувам пред гаражата на ЈСП, гледам колку расипани автобуси стојат на паркиниг и ништо не се прави да се вратат во функција. Каде јавниот сообраќаен превоз дозволува и овозоможува други приватни превозници да вршат превоз, тоа е нешто што носи приход во буџетот на градот“, коментира Бошков.

Граѓаните пак се нездоволни што не само што не се остварува бесплатниот превоз, кој што го ветуваше градоначалничката на Скопје, Арсовска, туку што состојбите во Скопје се уште полоши.

Наместо прес-конференции и меѓусебни препукувања на релација градоначалник, превозници и политички партии, Пеце Милевски од здруженијата на комунални претпријатија АДКОМ за „Локално“ вели дека решение за проблемот е во тоа да се разговара и да се седне на маса.

Потсетува дека и комуналните претпријатија од здружението АДКОМ до неодамна се соочуваа со проблеми во делот на цената елктрична енергија и оттука смета дека на сличен начин треба да се најде решение и за проблемот со блокираниот превоз.

„Ние со цената на струјата имавме пробмеми. Како АДКОМ, здружение на јавни комунални претпријатија, една година се обидувавме да најдеме заеднички јазик и да разговараме со владата и со регулторната комисија итн и еве сега во овој момемнт на енергетска и економска криза имаме некоја поволност зашто се најде слух да се излезе во пресрет. Ни обезбеди владата да плаќаме 95 евра од мегавата час што е некоја заштитна тарифа, и до април ќе плаќаме електрична енергија по таа цена. Тоа е мерка за претпријатија кои користат пумпни агрегати, пумпни станици итн. Исто сега градоначалничката Арсовска треба да седне на дијалог заедно со приватните превозници и со ЈСП за да се најде решние“, порачува Милевски.

И граѓаните ги интересира до кога ќе трпат нервози поради секојдневните доцнења на работа, во училиште или на лекар.

Граѓани од внатрешноста кои имаат обврски во Скопје за „Локално“ велат дека се соочуваат со големи проблеми низ скопските улици.

„Страшно е во Скопје, се е закочено, искрено незнам како ова ќе го решите. Малтретирање е да се заврши работа за која некој е дојден. Не можев да се снајдам низ гужвите, вртам низ градот, заобиколувам… Незнам што се случува освен дека се работи за неисплатен долг, ама не е добро…”ни кажа жител на Битола која беше дојден по работа во Скопје.

Од приватниот автобуски превозник, „Макекспрес“, кој до неодамна беше дел од јавниот превоз во Скопје вчера соопштија дека тие не се организатори на протестите и не знаат до кога ќе траат протестите, дали ќе се прошират на други улици и во кој формат ќе се протестира. Апелираат политичките партии да не ги злоупотребуваат претпријатието и превозниците за политички препукувања и поени.

Претходно директорот на приватниот превозник „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, најави дека се повлекува од протестот на приватните автобуси, со цел протестот да не зазема политичка позадина. Тој посочи дека блокадите на Скопје продолжуваат и покрај неговото повлекување.

Град Скопје, пак, под чија капа е јавниот превоз во градот, бара Министерството за внатрешни работи да ги расчисти блокадите.

М.С.М.

Извор: Локално

Tags: АрсовскаБошковГрад СкопјеПриватни автобуси
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ