АМБАСАДА НА УКРАИНА
На 29 октомври руското Министерство за одбрана го објави своето „повлекување“ од договорот за жито. Тоа значи дека Русија го прекинува дејството од иницијативата за извоз на жито, која почна со работа во јули. Официјално Русија се прикрива со наводните експлозии што се случија на 29 октомври во окупираниот Крим.
Рускиот министер за земјоделство Патрушев помладиот изјави дека Русија е подготвена да им обезбеди 500.000 тони жито бесплатно на „најсиромашните земји“ во следните четири месеци.
Треба да се напомене дека Русија потпиша обврски во врска со иницијативата за извоз на жито со ОН и Турција. Затоа, дејствијата на Русија сега значат дека таа ги прекршува своите обврски кон ОН и Турција.
Заклучно со денес, во морскиот коридор за жито има редица во која се наоѓаат 176 бродови со храна. Според иницијативата за извоз на жито, треба да се изврши инспекција на натоварените бродови. Четирите страни мора да потврдат дека на бродовите има храна. Русија намерно ја нарушува оваа активност, која треба да се спроведува според нејзините договори со ОН и Турција.
Во моментов, во ред на морето стојат бродови со повеќе од 2 милиони тони храна. Кои меѓу другото, се наменети за земји како Алжир, Египет, Јемен, Виетнам, Бангладеш и други. Формирањето на оваа редица започна уште во септември, па затоа токму во септември беше донесена руската одлука повторно да го блокира поморскиот извоз на храна од Украина. Да не постоеше оваа одлука, немаше да има ни редица. 2 милиони тони храна е обем доволен за повеќе од 7 милиони потрошувачи.
Дури ни бродовите со храна за најсиромашните земји кои склучуваат договор во рамки на Програмата за храна на ОН немаат гаранции за безбедно поминување на житото низ коридорот поради руските дејствија. За време на иницијативата за извоз на жито, ОН договорија жито од Украина за Етиопија (преку пристаништето Џибути), Јемен, Авганистан (преку пристаништето во Пакистан), тоа се 6 бродови. Вкупниот обем изнесува речиси 200 илјади тони. Русија се обидува да го наруши и таквото снабдување.
За време на дејствувањето на иницијативата за извоз на жито, Русија најмалку двапати нанесе удари врз воено-поморските сили на Украина, кои ја гарантираат безбедноста на коридорот за жито – во јули и септември. Ударот на пристаништето Одеса Русија го нанесе на вториот ден од постоењето на иницијативата за извоз на жито, па затоа токму Русија е единствен извор на опасност за морските патишта во Црното Море.
Изјавата на Патрушев помладиот за наводната подготвеност на Русија да обезбеди храна за најсиромашните земји е пропаганден обид да се прикрие фактот дека Русија намерно работи на враќање на сериозноста на кризата со храна и заканата од глад во големи размери во десетици земји во Африка и Азија.
Русија во редицата со бродови во морето веќе блокираше четири пати повеќе храна отколку што им „ветуваше“ на сиромашните земји.
Благодарение на украинското снабдување, кое е блокирано од Русија, на светскиот пазар едноставно не би имало недостиг на храна, а со тоа не би имало ни потреба од какви било залихи од Русија.
Веројатно кога се најавуваат 500.000 тони жито, кои Русија наводно е подготвена да ги испорача, се има предвид токму житото што Русија го краде од окупираните територии на Украина.
Изјавите и одлуките на Русија во врска со иницијативата за извоз на жито немаат и не можат да имаат никаква врска со какви било експлозии на Крим на 29 октомври – очигледно, Кремљ одлучи да го блокира извозот на храна на Украина уште во септември, инаку оваа редица бродови немаше да се формира.
Најлошите последици од ваквите руски дејствија во однос на поморскиот извоз на Украина ќе бидат за земјите од Африка и Азија – Алжир, Либија, Тунис, Египет, Етиопија, Јемен, Либан, Турција, Бангладеш.
Русија свесно го прави тоа со блокирање на испораките на Украина.
На Русија не ѝ е место во Г-20 и во какви било други формати на меѓународна комуникација. Русија свесно се обидува да предизвика глад од големи размери. Таа треба да биде казнета за ова. Сите земји во светот јасно гледаат дека Украина прави се што е можно за да ја гарантира безбедноста на храната, додека Русија прави се што е можно за да го наруши извозот на храна и да доведе што повеќе луѓе на ризик од глад.
Антивоените санкции на демократскиот свет не се однесуваат на руската храна или ѓубрива, па затоа руските приказни за тоа дека наводно им се блокира земјоделскиот извоз се целосна лага. Пред Русија да ја започне инвазијата од големи размери врз Украина и да ги блокира украински пристаништа, немаше дури ни таква закана во светот – дестабилизација од големи размери поради акутна прехранбена криза, каква што постои сега поради руската агресија.
Доколку Русија не крадеше жито во окупираниот дел на Украина – и само ова жито Русија може да го поклонува сега, бидејќи е проблематично да се продаде украденото – Украина и овој обем би го испратиле на светскиот пазар или на Програмата за храна на ОН, што би овозможило значително намалување на светските цени на храната и гарантирање на правото на храна за десетици милиони жители на Африка и Азија. Русија украде 500.000 тони жито од Украина, а сега се обидува да го искористи ова жито за своја пропаганда и измама.
Русија дава сосема неадекватни изјави за снабдување со наводно 500.000 тони жито за најсиромашните земји, кога самата го блокираше снабдувањето за овие земји. Од тие 2 милиони тони храна што моментално чекаат во ред на море, значителен дел е за најсиромашните земји. Две третини од морскиот извоз на храна од Украина, во рамки на иницијативата за извоз на жито, отиде конкретно во Африка и Азија. Украина веќе испрати речиси 200.000 тони храна само во рамки на Програмата за храна на ОН за најсиромашните. Украина, исто така, одвои десетици илјади тони жито како хуманитарна помош за Етиопија и Сомалија – таму во Африка е една од најкритичните ситуации со храна. Руската провокација на кризата со храна претставува најголема закана за милиони Африканци, милиони луѓе на Блискиот Исток и Јужна Азија. Овие луѓе најмногу ќе настрадаат од руските дејствија и токму тие луѓе се обидува да ги измами руската пропаганда, велејќи дека Русија наводно не е виновна за кризата со храна или дека Русија наводно сака да помогне некому со жито. Русија е единствениот виновник во најголемата закана од глад во светот за долги години наназад.
Прехранбената криза за земјите од Африка и Азија, предизвикана од Русија, ќе доведе до социјална и политичка дестабилизација, а со тоа и до нови бранови на масовна миграција – вклучително кон Турција и земјите од Европската унија.
Мора да се обезбеди продолжување на работата на коридорот за жито за да се спречи таква дестабилизација, а со тоа и неконтролирана миграција.
Украина отсекогаш била и е подготвена да продолжи да биде гарант за безбедноста на храната. Сега одговорноста на партнерите е да обезбедат обновување на коридорот за жито, кој е блокиран од страна на Русија. Русија треба да биде казнета за овие обиди да го врати гладот во светот.
Украина верно ги исполнува своите обврски од иницијативата за извоз на жито. Во септември Русија почна да го блокира извозот, што предизвика редица од бродови. Украина очекува на поддршка од партнерите – Русија мора да биде принудена за да се обезбеди премин за овие бродови да се упатат согласно договорите и за нови бродови можат да влезат во украинските пристаништа за утовар.