Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13, кој вечерва организира дружење со лицата со посебни потреби, односно како што тој напоменува во своето видео, со граѓанките и граѓаните на оваа држава, ги повика медиумите да му помогнат во конфронтацијата со службите на Град Скопје.
На организаторот, според Јовановски, не му било дозволено да ја внесе на плоштадот „Македонија“ опремата (сценската техника, озвчувањето…) неопходна за вечерашниот настан. Но, веднаш по објавување на Фејсбук статусот, градските власти кои претходниот ден уредно од Јовановски добиле барање за одржување на настанот и истото било архивирано, сепак, го одобриле поминувањето до плоштадот.
https://www.facebook.com/bojan.jovanovski13/posts/10211400492720392?pnref=story
По статусот и најавата за live видео на Fејсбук, Град Скопје реши да го спроведе планот на Бојан и техниката да стигне до предвидената локација.
https://www.facebook.com/bojan.jovanovski13/videos/10211400671164853/
Ермин Климента