• Latest

Бочварски: Силно сме посветени на модернизација на националната патна инфраструктура

August 24, 2023
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бочварски: Силно сме посветени на модернизација на националната патна инфраструктура

August 24, 2023 10:57
in Uncategorized, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Остануваме силно посветени на нашата агенда во изградба на безбедна и модерна патна инфраструктура низ целата земја и од тоа не отстапуваме, потенцирал министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при денешната посета на неготинско Војшанци, соопштија попладнево од Министерството.

Министерот заедно со директорите на јавните претпријатија за патишта, Ејуп Рустеми и Костадин Ацевски и пратеничката Лолита Ристова, извршија увид во комплетната рехабилитација на патниот правец Неготино – Дуброво – Војшанци и притоа остварија средба и со локалното население, се наведува во соопштението.

Инвестицијата за рехабилитација на овој пат изнесува 75 милиони денари, средства обезбедени преку централната власт.

Ме радува што денеска ги гледам жителите собрани во толкав број, тоа ми дава потврда дека нашите политики вродуваат со плод. Рехабилитацијата на овој патен правец беше големо барање на жителите од Дуброво и Војшанци и ние преку Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта, обезбедивме 75 милиони денари за негова модернизација. Голема заслуга за целиот овој проект, покрај директорите Рустеми и Ацевски, има и пратеничката Ристова, која беше во постојана комуникација со нас до негова целосна реализација. Во овој регион во тек е и реконструкцијата на автопатска делница Неготино – Демир Капија, инвестиција од 9 милиони евра, многу значаен проект за сите оние кои патуваат по Коридорот 10. Нашите активности продолжуваат во сите општини, модерна и безбедна патна мрежа останува наш примарен фокус, изјавил министерот.

Ристова им се заблагодарила на министерот и директорите што имале слух за барањата на жителите и го реконструирале овој многу значаен патен правец, што поврзува повеќе населени места.

Поддршката од централната власт е добредојдена за целиот овој регион и очекувам да реализираме уште многу квалитетни проекти со што дополнително ќе го подобриме квалтетот на живот на локалното население, нагласила Ристова.

Според Рустеми и Ацевски, добрата соработка и комуникација помеѓу институциите, е, клучна во реализацијата на ваквите крупни проекти за граѓаните, градежната офанзива, како што се истакнува во соопштението, продолжува и во наредниот период.

Бочварски остварил и работна посета на локалната фабрика „Интеркар глобал“, каде се сретнал со заменик директорот Сефер Килич.

Претходно, Бочварски, заедно со Рустеми и Ацевски и со пратеничката Марија Костадинова, присуствувале во гевгелискиот регион, каде бил извршен увид во рехабилитираниот патен правец што го поврзува населено место Прдејци, со Коридорот 10.

Од Министерството појаснуваат дека станува збор за инвестиција вредна 15 милиони денари, средства обезбедени од централната власт.

Министерството за транспорт и врски, како што се потенцира во соопштението, продолжува во реализација на инфраструктурната програма во изградба на квалитетна, модерна и безбедна патна мрежа низ целата држава.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ