• Latest

Богдановиќ го поништи решението за изградба на Шпански скали

February 10, 2018

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Богдановиќ го поништи решението за изградба на Шпански скали

February 10, 2018 12:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ донесе решение со кое го поништи и го огласи за ништовно издаденото одобрение на фирмата „Амадеус Девелопмент“ за изградба на објект за комерцијални и деловни намени на улица „11 Октомври“ бб во централното градско подрачје.

Како што се наведува во соопштението од Општина Центар, надлежните во општината констатирале дека инвеститорот во рок од две години по правосилноста на решението, колку што пропишува Законот за градење, не започнал со изградба на објектот. Според член 66 став 1 од Законот, одобрението за градење престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години од денот кога одобрението за градење станало правосилно.

Со поништеното решение вон сила се става изградбата на Шпанските скали на Плоштад Македонија.

Во 2015 година, Општина Центар издаде дозвола за изградба на објектот, а советниците на Град Скопје, дадоа зелено светло за Шпанските скали, бидејќи површината на која тие требаше да се градат е под надлежност на Градот.

Според идејното решение, кое го обезбеди тогашниот министер за транспорт и врски, без да го објави авторот, зградата, во чиј склоп ќе бидат и скалите требаше да биде висока 16 метри, односно приземје плус 3 ката.

Освен скалите, од двете страни на главниот влез беа предвидени две кочии со коњи, а низ целиот објект од надворешната страна околу 25 скулптури.

Како што наведуваат од Општина Центар во соопштението, скалите требаше да ги гради компанијата „Амадеус Девелопмент“. На електронската аукција фирмата понуди 93.100 денари за метар квадратен или вкупно 1.580.000 евра за парцелата од 1046 квадрати за објект за комерцијални и деловни намени во стил на барок. За изградба на барокната зграда инвеститорот беше ослободен од комуналии од тогашното мнозинство во Советот на Град Скопје.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Саша БогдановиќСкопје 2014ЦентарШпански скали
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ