• Latest

Богоев: Со започнување на преговорите со ЕУ, зелените вредности ќе се најдат уште повисоко на нашата агенда

October 14, 2020

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025

Хоџиќ: Да се обединиме околу демократијата и да се вратиме на патот кон ЕУ – државата оди во опасен правец

October 24, 2025

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

October 24, 2025
Фото: wikimedia commons

Санкциите на Трамп се „шок“ за Москва, можат да им нанесат „сериозен удар“ на нафтените гиганти

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Богоев: Со започнување на преговорите со ЕУ, зелените вредности ќе се најдат уште повисоко на нашата агенда

October 14, 2020 16:20
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, одговори на повик на Зелен ЦИВИЛ за отворање на темата за зелените вредности, социјална правда и антинационализам.

Зелен ЦИВИЛ: Кои се зелените перспективи на вашата општина?

Богоев: Уште од самиот почеток на мојот мандат, главен акцент ставивме на заштитата на животната средина. Пред три години беше предизвик да се зачува сѐ што не беше уништено со агресивната и непланска урбанизација во Карпош. За да создаваме зелени перспективи, моравме да зачуваме дел од маалските паркови и јавни простори, како паркот на „Букурешка“ во Тафталиџе 1 или јавниот простор кај „Партизан“, кој сега е трајно заштитен и не постои можност да прерасне во станбен или деловен простор.

Една од зелените перспективи е големиот парк, од бунарите на реката Лепенец, па се до спортско – качувачката карпа. Заедно со Градот Скопје создаваме еден нов зелен појас на место на децениска депонија. Ова не мислам дека е „зелена перспектива“ само за Карпош туку за сите граѓани на главниот град. Овој парк ќе се простира на повеќе од 70.000 м2 и ќе претставува пандан на популарниот Градски парк.

Но, зелени перспективи претставуваат и маалските паркови кои ги направивме во населбите. Иако по својата големина се помали, сепак се особено важни. Маалските паркчиња се најблиску до граѓаните и се зелени зони во урбаното јадро, онаму каде што густината на сообраќај и население е поголема.

Затоа, вакви маалски паркчиња направивме во Карпош 1 на ул. „Иван Аговски“, во Карпош 2 (спроти Драмски), Карпош 3, во дворот на ООУ „Лазо Трповски“, Карпош 4, на аголот меѓу „Љубљанска“ и „Партизански одреди“, Тафталиџе 2 (на ул. „Женевска“)… Значи ова се локации на кои подигнавме нови тревни површини, со системи за наводнување и спортско – рекреативни содржини.

Зелен ЦИВИЛ: Кога говориме за зелените вредности, познато е дека тие не се однесуваат само на заштитата на животната средина која, пак, често се меша со поимите поврзани со комуналната хигиена. Зелените вредности подразбираат почитување на човековото достоинство, што подразбира и социјална правда и антинационализам, стратегии за одржлив развој, што подразбира напуштање на принципите на либералниот капитализам… Колку, според Вашите анализи, знаат политичарите во нашата земја?

Богоев: Сметам дека зелените вредности треба дополнително да се експонираат и да се комуницираат со носителите на одлуки (градоначалници, министри, пратеници, советници), но и со пошироката јавност. Да бидеме искрени, до пред извесно време темата екологија и заштита на животната средина беше на самите маргини. Граѓаните не беа толку информирани, а институциите речиси и воопшто да не работеа на оваа проблематика. Добро е што последниве години имаме сериозен исчекор по ова прашање. Денеска имаме прилично будни граѓани, организации на оваа тема, но и институции кои менуваат начини на греење на установите, компании кои прават годишен план за општествена одговорност, каде што активностите за заштита на природата се приоритет, работилници по градинките и училиштата за селекција на отпад…. Значи, добро е што имаме поместување во сите сфери и работа со различни генерации. Само така, ќе градиме систем кој функционира на долг рок и не зависи од промената на власта.

Зелените вредности се однесуваат и на децентрализацијата, социјалната правда, рамномерниот развој, родовата еднаквост… Убеден сум дека и со започнувањето на преговорите со Европската унија, овие теми и тоа како ќе се најдат повисоко на нашата агенда. Во меѓувреме, треба да се подготвуваме и за фискалната децентрализација. Ова ќе биде многу важен процес за општините, кои сега се зависни од т.н. комуналии и стимулирање на градба. Со фискалната децентрализација треба да се креира одржлив систем на приходи за единиците на локалната самоуправа. Само така, ќе обезбедиме баланс меѓу развојот и квалитетот на живот.

Зелен ЦИВИЛ: Вашиот став за растечките политички и етнички мотивирани тензии во нашата земја? Кому одат во прилог, а кој губи?

Богоев: Од политички и етнички мотивирани тензии губи целото општество. Најмногу губат граѓаните, но и сите институции на системот. Затоа што политичките, етничките кризи создаваат блокада, спречуваат економски развој, инвестиции, придонесуваат за апатија, сиромаштија, иселување на младите… Изминативе децении имавме повеќе кризни периоди, кои придонесоа за сите гореспоменати состојби. Повеќе не смееме да дозволиме такви сценарија. Во ек сме на светска пандемија, која ќе има повеќегодишни последици на сите нас. А, домашните тензии и немири се сериозен „луксуз“ за спасување на нечија кариера или лишување од одговорност. Што повеќе е недозволиво, неодржливо и крајно себично.

Зелен ЦИВИЛ: Што треба да се направи во овој поглед?

Богоев: Во овој поглед веќе направивме напредок, со членството во НАТО и почетокот на преговори со Европската Унија. Сметам дека со јасното дефинирање на нашиот пат и тоа како помогнавме во спречување на идни кризни состојби, не само во Македонија туку и во регионот. Секако, ништо не е завршено и дефинитивно. Имало и ќе има обиди за да излеземе од „европските шини“. Но, како нова генерација на политичари, независно на која политичка опција припаѓаме мора да покажеме една нова зрелост и нов пристап.

обработка на текст: Б. Јордановска


Зелен караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ