• Latest

Бори се против апатијата, биди граѓански новинар!

June 8, 2016
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бори се против апатијата, биди граѓански новинар!

June 8, 2016 14:08
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да се пријават за учество на обука за граѓански новинарки и новинари што ќе се одржи во сабота, на 11 јуни, во хотелот Сити Парк, со почеток во 10:30 часот. Обуката е од затворен карактер и сите пријавени граѓан(к)и кои ќе ја завршат обуката, ќе добијат можност да учествуваат со своите прилози и на наградниот конкурс за најдобри прилози на граѓански новинарки и новинари.

Истиот ден во 18:00 часот, ќе се доделат наградите на ЦИВИЛ за граѓански новинарки и новинари од четвртиот награден циклус на натпреварот „Биди граѓански новинар“ од проектот „Граѓански објектив“. Една од наградите ќе биде резервирана за видео, фото или аудио материјал од учесниците на обуката, од нивните дневни, двочасовни теренски активности. Останатите прилози од обуката, ако ги исполнуваат критериумите, ќе влезат во конкуренција за награда во наредниот награден циклус.

Наградите се пет вредносни ваучери, а првата награда е во противредност од 110 долари.

Под мотото „Бори се против апатијата, рокот истекува на 9 јуни!“, ЦИВИЛ им нуди бесплатна можност на кандидатите да се стекнат со теоретски и практични знаења за граѓанското новинарство, видео активизмот и низа други интересни области.

dsc_0243

Сите заинтересирани граѓанки  и граѓани кои  сакаат да го проверат својот талент за новинарство и да дадат придонес, можат да се пријават до 9 јуни, на civil.macedonia@gmail.com, едноставно, со мотивациско писмо до 420 знаци (колку три твита), точно име и презиме, телефонски број и линк до Фејсбук профилот на кандидат(к)ите. Бројот на учесници е ограничен.

Снимките, фотографиите и текстовите не мора да бидат високопрофесионални, бидејќи пресуден критериум е информацијата, а може да се однесуваат на различни видови на закани, уцени, дискриминација, поткуп, притисоци, злоуптреба на јавни ресурси и други нерегуларности.

Задолжително е материјалите кои ќе ги испраќате да бидат придружени со контакт на авторот, опис на времето, местото, текот на настанот и учесниците во самиот настан. Авторите и лицата кои се вклучени во прилозите може да останат анонимни, во зависност од договорот со нив.

За пристап до ФОРМУЛАР ЗА УЧЕСТВО кликнете ТУКА. Прилозите може да се испраќаат и на civil.macedonia@gmail.com, а доколку материјалот е преобемен, треба да се користат онлајн сервисите за трансфер, како WeTransfer.

Проектот Граѓански објектив е поддржан од  National Endowment for Democracy

Tags: граѓански новинарГраѓански објективнаградиНЕДобукаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ