• Latest

Борисов повикува на преговори за разум, а не за емоции

March 16, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Борисов повикува на преговори за разум, а не за емоции

March 16, 2021 12:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Апел до двете земји да се подготват за преговори засносвани на разум, а не на емоции, упати денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на средбата на аеродромот во Софија со шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој, пак, истакна дека е потребно што е можно побрзо да се одржи состанокот  на меѓувладината комисијата, со цел да се направи пресек на она што досега е исполнето  од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.

Османи денеска се сретна со Борисов на софискиот аеродром, од каде замина за Швајцарија, при што потенцира дека тој пред две недели на истата локација се сретнал со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, со која заклучиле дека фокусот во моментов треба да биде на секторската соработка, враќањето на довербата и што е можно поскоро одржување на состанокот на меѓувладината комисија, која согласно Договорот е предвидено да се состанува еднаш годишно со цел да се сумира она што е исполнето од Договорот.

-Го договоривме акцискиот план, потребен е само извештај од Комисијата за историски прашања. Треба што побрзо да се состане меѓувладината комисија, да кажат толку и толку е направено минатата година, толку ќе направиме следната година. Очекувам од ваша страна, но и од наша страна што поскоро да се усогласи терминот за тој состанок. Ако се врати довербата мислам дека полесно ќе можеме да разговараме за сите други прашања за кои имаме разлики, му порача Османи на Бориов.

Бугарскиот премиер за содржината на разговорот објави на својот Фејсбук профил, на кој објави и видео од средбата,  која се одржа на софискиот аеродом.

Борисов нагласи дека сите несогласувања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија треба да бидат надминати, бидејќи, како што посочи, следните генерации нема да ни  простат дека сме ја пропуштиле оваа голема можност.

Тој рече дека  не смее да биде забавено интегрирањето на Северна Македонија и Албанија во ЕУ и токму поради тоа е потребно надминување на несогласувањата меѓу Софија и Скопје.

-Значи, и вие и ние треба да се подготвиме за преговори за разум, а не за емоции, за да можат нашите соседи да бидат во Европската унија. Геостратешката цел на Бугарија е ова, прашањето е да се најде политичка волја, и ние и вие,  нагласи Борисов на средбата.

Бугарскиот премиер додаде дека двете земји треба да чекорат по патот на дипломатијата и разбирањето.

-Хеорите, кои загинале за слобода, не смее да бидат темата, која ќе не раздели, бидејќи нивниот најдлабок сон бил да бидеме заедно и затоа ги дале своите животи. Така што тие треба да бидат мост на пријателство, а не на разединување, нагласи Борисов.

На средбата бугарскиот премиер ја потврдил принципиелната поддршка за европската интеграција на Северна Македонија со исполнување на соодветни услови и ја потенцитрал потребата од целосна имплементација на Договорот за добрососедство.

Борисов испрати специјални поздрави до премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    174 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ