„Централниот регистар на Република Северна Македонија најостро ги осудува заканите на вработениот Емил Јакимовски преку Интернет врз новинарката и заменик-уредникот на А1он Мери Јордановска.
Сакаме да истакнеме дека поради нарушување на работниот ред и дисциплина, како и закани кон вработени во Централниот регистар на Република Северна Македонија против Емил Јакимовски веќе е отворена дисциплинска постапка. Комисијата се уште нема одлука, бидејќи вработениот Емил Јакимовски веќе неколку месеци е на боледување“, излезе со реакција директорката на Централен регистар, Марија Бошковска Јанковски,, по повод заканите на нивниот вработен Емил Јакимовски кон новинарката Мери Јордановска.
„Исто така во изминатиот период во МВР има повеќе пријави од вработени во Централниот регистар поради закани од истото лице. Меѓу пријавите поднесени во МВР е и пријавата поднесена од мене лично како директор на Централен регистар Република Северна Македонија ,каде во изминатиот период сум мета на постојани напади и закани од Емил Јакимовски.
https://www.facebook.com/marija.boskovskajankovski/posts/10162895309150302
Централниот регистар секогаш имал одлична соработка со медиумските работници и новинарите и затоа апелираме МВР и истражните органи да ги испитаат ваквите наводи и да ги преземат сите неопходни мерки за расчистување на случајот“, додава Бошковска Јанаковски.