Под заеднички наслов „Чекор напред кон мултикултурно општество“, ЦИВИЛ од 1 март ги интензивира своите акции со кои ги промовира почитувањето на различностите, недискриминацијата и еднаквоста во општеството.
Војната во Украина го загрози светскиот мир. Во часови се мери забрзаната глобална милитаризација како одговор на бруталната руска агресија во која секој час гинат и цивили, меѓу кои и жени, деца и луѓе во поодмината возраст.
Ова е доба кога општеството доаѓа под удар на радикални структури за кои поларизацијата, дискриминацијата и насилството е „природна“ состојба.
Пред светот се тешки предизвици за демократијата и прогресивните цивилизациски и европски вредности, почитувањето на човековите права и слободи, еднаквоста и недискриминацијата.
За почеток, во „Мулти култи бриф“, ЦИВИЛ накратко ќе објасни во што се состои иницијативата на ЦИВИЛ „Чекор напред кон мултикултурно општество“. Брифингот ќе се одржи онлајн, со почеток во 12:30 часот. Организацијата е отворена и за брифинзи со физичко присуство, изјави и интервјуа. Брифингот се очекува да трае до 10 минути.
ЦИВИЛ ја спроведува иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“ со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.