• Latest
Turkish army howitzers fire from a military post on the Turkish-Syrian border in Hatay province, Turkey January 20, 2018. REUTERS/Osman Orsal

Британија и Шпанија најголеми извозници на оружје

May 15, 2018

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Британија и Шпанија најголеми извозници на оружје

May 15, 2018 16:16
in ВЕСТИ, СВЕТ
Turkish army howitzers fire from a military post on the Turkish-Syrian border in Hatay province, Turkey January 20, 2018. REUTERS/Osman Orsal

Turkish army howitzers fire from a military post on the Turkish-Syrian border in Hatay province, Turkey January 20, 2018. REUTERS/Osman Orsal

Share on FacebookShare on Twitter

Шпанија го собори својот рекорд втора година по ред во извоз на оружје. За разлика од 2016, минатата година продадено е воена опрема во вредност од 43 милијарди евра или бележи пораст од 7.3%.

Досега најголем клиент на Шпанија е Саудиска Арабија. Минатата година шпанската влада забрани четири продажби во Израел од кои две вредни 19 милиони евра.

Сепак, за 2017 како најголем клиент е Германија која набавила оружје од Шпанија во вредност од 12 милиони евра. Други големи клиенти биле Британија, Франција и Турција.

Надвор од европските земји, Саудиска Арабија увезувала насачи на авиони, беспилотни летала, резервни делови, минофрлачки гранати…

Откако Саудиска Арабија лансираше воена операција во Јемен во 2015, нејзините нарачки на шпанска муниција речиси се зголемиле за трипати , со пораст од 34.1 милиони евра во 2016 на 90.1 милиони во 2017 година.

Што се однесува до шпанската влада, таа вели дека сите извози се лиценцирани и со сертификати чии строги клаузули забрануваат повторен извоз и користење надвор од националната територија на земјата која ги купува.

Но, според Amnesty International, Oxfam Intermon и Greenpeace нема соодветен мониторинг на крајното користење на овие оружја.

Што се однесува до Турција, Шпанија не е единствениот извор на оружје. Во пресрет на посетата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган овој викенд во Лондон, на виделина излегоа бројките на продадено британско оружје на Анкара во износ од една милијарда фунти.

Турција останува “приоритетен пазар” на британското оружје и покрај реакциите на организациите за човекови права и претставниците на ЕУ за начинот на владеење на правото во државата.

Официјален Лондон реагираше веднаш по пучот во Турција во 2016, но остана молчелив додека беа апсени и напаѓани не само наводните учесници во пучот, туку политичките дисиденти, новинари и членови на про-Курдските партии за “поддршка на тероризмот”.

Продажбата на оружјето на Обединетото Кралство од обидот за пуч изнасува 667 милиони фунти за воени електронски податоци, оклопни возила, мали оружја, муниција, ракети, дронови, авиони и хеликоптери.

Дополнително предвидени се 135 милиони фунти за БАЕ Системс со кои би се исполнил планот на Ердоган да изгради турски борбен авион. Овој договор  е потпишан од Тереза Меј, британската премиерка, во јануари 2017 година под “отворена лиценца” за да го олесни трансферот на воена технологија, а официјални лица на Обединетото Кралство наводно се обидуваат да го втурнат Ролс-Ројс да го добие тендерот за моторизирање.

Според Лојд Расел-Мојле, пратеник на Лабористичката партија, имало доказ дека оружје произведено во Обединетото Кралство се користело од Турција во северна Сирија. Британската влада вели дека не може категорично да каже дека оружје од Обединетото Кралство не се користи во турските воени операции во Африн.

Според последниот извештај на Амнести, широко сенародната акција во Турција резултираше во масовни апсења и “речиси уништувањето” на турскиот правен систем.

Според извештајот на Амнести, пост обидот за пуч, вонредната состојба се обнови во седум прилики, и дека повеќе од 100.000 работници од јавниот сектор се арбитрално разрешени.

Извештајот нотираше дека новинари, академици, активисти за човекови права и други се уапсени, гонети и им се доделени затворски казни.

Европската Комисија, во меѓувреме, предложи турското приклучување во ЕУ да остане во мирување поради загриженост од злоупотреба на човековите права.

А.Мехмети

Tags: БританијаизвозоружјетурцијаШпанија
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ