• Latest
Фото: Фејсбук

Британски Тајмс: Клучен сведок на „Сараево сафари“ ненадејно починал

December 19, 2025
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Британски Тајмс: Клучен сведок на „Сараево сафари“ ненадејно починал

December 19, 2025 19:40
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Клучен сведок во истрагата за наводните платени снајперски „излети“ за време на опсадата на Сараево ненадејно починал, објави британскиот весник The Times, а веста ја пренесе и хрватскиот дневен весник Слободна Далмација, пишува Avaz.ba.

Станува збор за Славко Алексиќ, поранешен водач на српска паравоена формација и самопрогласен четнички војвода, кој починал во Требиње на 69-годишна возраст. Според достапните информации, Алексиќ претходно немал сериозни здравствени проблеми. Неговата смрт се случила во момент кога во Италија е отворена нова истрага за таканаречениот „Сараево сафари“ – обвиненија дека за време на војната во 1990-тите богати странски државјани плаќале за да пукаат врз цивили во опколеното Сараево.

Според The Times, Алексиќ за време на опсадата ја контролирал зоната околу Еврејските гробишта над Сараево, една од најпознатите снајперски позиции од кои градот бил систематски гранатиран и гаѓан. Српскиот адвокат Чедомир Стојковиќ изјавил дека Алексиќ бил исклучително важен сведок затоа што можел да открие кој пукал и кој ја организирал целата мрежа.

Смртта на Алексиќ следи кратко по отворањето на истрага во Милано, насочена кон можни воени злосторства поврзани со т.н. „човечки сафари“. Овие наводи се појавија и во документарниот филм „Sarajevo Safari“ од 2022 година, на словенечкиот режисер Миран Зупанич, во кој се тврди дека странски „туристи“ од Русија, Канада и САД за време на викендите доаѓале на околните ридови за да пукаат врз цивили, со посебни тарифи за гаѓање деца.

Адвокатот Стојковиќ изнесе сомневање дека смртта на Алексиќ може да биде поврзана со тековната истрага, нагласувајќи дека станува збор за негови лични тврдења. Тој изјави дека, според него, постои разумна основа за сомнеж во можна вмешаност на српските безбедносни структури.

Кон крајот на ноември, Алексиќ дал интервју за српска телевизија во кое тврдел дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, немал никаква поврзаност со снајперските дејства за време на опсадата на Сараево, демантирајќи ги претходните јавни обвинувања на таа тема.

Истрагата во Италија е покрената по кривична пријава поднесена од италијанскиот новинар и писател Ецио Гавацени, кој тврди дека посетителите плаќале од 70.000 до 88.000 фунти за пристап до снајперски позиции за време на војната. Преживеаните од Сараево изразуваат надеж дека истрагата ќе доведе до целосно расветлување на една од најмрачните епизоди од војната во Босна и Херцеговина и до најстроги казни доколку наводите се потврдат.

Ј. Ѓ.

Tags: Сараево сафариСлавко Алексиќ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ