• Latest

Британски тинк тенк: Народната банка на Северна Македонија прва во светот според застапеноста на жените на раководни места во финансиските институции

August 28, 2022

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
Скриншот од видео на CBS News

Трамп го ограничи приемот на бегалци на рекордно ниско ниво – приоритет им даде на белите Јужноафриканци

October 31, 2025

По протестите со говор на омраза, Црна Гора воведе визи за турските државјани и построги имиграциски правила

October 31, 2025

Изборен молк: Период на тишина пред граѓанскиот избор

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Британски тинк тенк: Народната банка на Северна Македонија прва во светот според застапеноста на жените на раководни места во финансиските институции

August 28, 2022 11:03
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка на Република Северна Македонија е прва во светот меѓу централните банки и финансиските институции според застапеноста на жените на раководни позиции. Ова, како што соопштуваат од Народната банка, е нотирано во објавата на британскиот тинк-тенк ОМФИФ – Официјалниот форум на монетарни и финансиски институции, посветена на Индексот на родова еднаквост во финансиските институции за 2022 година. Со овој индекс веќе девет години по ред се рангираат финансиските институции според родовата застапеност, пренесува МИА.

-Водејќи се од заложбите за унапредување на положбата на жената во финансиските институции, ОМФИФ ја поздравува високата застапеност на жените на раководни места во нашата централна банка, претставувајќи ги како институции со врвни достигнувања. Во нивната објава за застапеноста на жените во раководните структури на Народната банка, се истакнува дека пет од единаесет високи раководни позиции во Народната банка ги извршуваат жени, меѓу кои и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерките Емилија Нацевска и Ана Митреска, стои во соопштението.

Годинава, покрај лидерското место на Народната банка, на листата на централни банки на ОМФИФ со најголема застапеност на жени на раководни позиции се најдоа и централните банки на Австралија, Тонга, Аруба, Србија, Норвешка, Малдиви и на Тунис. Како што се наведува во објавата, покрај Народната банка која има исклучително високо присуство на жени на раководни позиции, останатите седум централни банки на листата имаат или гувернерки или жени во советот, но не и на двете нивоа, како што е случајот со нашата централна банка. Централните банки на Норвешка и на Аруба, на пример, немаат вицегувернерки, но имаат гувернерки, додека централните банки на Австралија и Тонга немаат гувернерки, но имаат висока застапеност на жените во високото раководство.

Од ОМФИФ забележуваат дека трендовите покажуваат напредок во родовата застапеност во финансискиот сектор, како и дека се повеќе централни банки се раководени од жени. Сепак, иако континуиран, напредокот во оваа област е бавен. Наведените централни банки, заедно со уште седум фондови, каде што застапеноста на жените на раководни позиции е висока, изнесуваат помалку од пет проценти од 335 институции колку што беа опфатени со анализата на Индексот за родова еднаквост. Оттаму, претстои уште работа за да се зголеми застапеноста на жените на раководните позиции во финансиите во глобални рамки, велат од ОМФИФ, стои во соопштението.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ