Пратениците гласаа за поддршка на законот за легализирање на „потпомогнатото умирање“ во Англија и Велс со 23 гласа, пренесува Би-би-си.
Предлог-законот за терминално болни возрасни (крај на животот) сега ќе продолжи во Домот на лордовите, каде што ќе се соочи со понатамошнo разгледување.
Ова е длабока општествена промена и „потпомогнатото умирање“ сега веројатно ќе стане закон, пишува политичкиот уредник Крис Мејсон
По неколку часа емотивна дебата, на пратениците им беше дозволено да гласаат во согласност со нивните лични верувања, а не по партиски линии
Веднаш откако беше прочитан резултатот, некои пратеници изгледаа видливо емотивни додека ја напуштаа салата на Долниот дом.
Други се редеа да се ракуваат со лабуристичката Ким Лидбитер, која го донесе законот, а министерката за внатрешни работи Џес Филипс го прегрна пратеничката од долината Спен.
„Знам што значи ова за терминално болните луѓе“, изјави за Би-Би-Си пратеничката од Лабуристичката партија Ким Лидбитер, која го предложи законот, и додаде дека е „пресреќна“.
Во меѓувреме, лондонскиот бискуп го нарекува законот „нефункционален и небезбеден“.
Предлог-законот ќе им овозможи на терминално болни возрасни лица со шест месеци или помалку да живеат да добијат медицинска помош за да си го завршат животот
М. Д.