• Latest

БРО: Основните училишта ќе добијат опрема за кабинетите по природни науки

December 29, 2020

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

БРО: Основните училишта ќе добијат опрема за кабинетите по природни науки

December 29, 2020 14:59
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Професори од Природно-математичкиот факултет прават проценка за опремување на кабинетите по природни науки во основните училишта согласно со реформите со новата Нацрт-концепција за основно образование, соопшти Бирото за развој на образование, чии претставници вчера учествувале на онлајн-состанок со раководители и професори од институтите на ПМФ, на кој се дебатирало за Нацрт-концепцијата за реформите во основно образование.

– На состанокот беше истакнато дека како и сите останати процеси Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование низ широка консултација и на транспарентен начин го водат процесот на носење на новата концепција за основно образование. Целта на предложената концепција е преку примена на современ модел на основно образование да создадеме идни генерации граѓани коишто ќе носат решенија врз основа на анализа на факти и критички ќе размислуваат. Концепцијата е само рамка како го замислуваме образовниот модел, а по нејзиното усвојување ќе следува процес на изработка на наставните програми во кои ќе бидат вклучени експерти од сите области кои се дел од наставата, вклучувајќи ги и природоно-математичките науки, соопшти Бирото за развој на образованието.

На состанокот, додава БРО, било посочено дека професори од ПМФ се веќе вклучени во проценувањето на потребите на училиштата за опремување со современи наставни и нагледни средства на јазиците на кои се изведува наставата по природни науки, како и со литература соодветна за возраста на учениците, што многу ќе придонесе за успешна реализација на реформираните наставни програми во основното образование.

– Министерството за образование и наука во соработка со Природно-математичкиот факултет од Скопје и стручните служби на Бирото за развој на образованието, започна со проценка на потребите и детално специфицирање на опрема и нагледни средства потребни за квалитетно изведување на наставата по предметите од подрачјето на природните науки во основното образование. Опремувањето на основните училишта се планира да почне во првата половина на 2021 година и ќе се прави преку Проектот за унапредување на основното образование финансиран од Светска банка, наведува БРО.

Една од главните цели на проектот, додава Бирото во соопштението, е унапредување на средината за учење во основните училишта, со особен акцент на креирање мултифункционални училници, кабинети опремени со модерна информатичка технологија и лаборатории за природни науки.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ