• Latest

Брод што тоне пред да исплови

November 14, 2018
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Брод што тоне пред да исплови

November 14, 2018 12:28
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Правната држава потона пред и да се воспостави. Со бегството на осуденикот и барател на политички азил во Унгарија, Никола Груевски, Македонија доживеа силен удар, многу поголем отколку што тоа изгледа на прв, па и на втор поглед. Ова е катастрофа од која нема да се извлечеме туку-така, со неколку смирувачки изјави и со молк на другата страна од телефонските слушалки. А токму тоа се случува сега.

Бегството на Груевски не е причината за тонењето на правната држава, туку само последица. Главно осомничениот во голем број истраги и судски предмети што ги предводи СЈО и правосилно осуден и упатен в затвор – побегна во земја на ЕУ! Тоа е последниот, тежок удар и скандал за кој мора да се посочат сите одговорни, без исклучок. Да ги признаат слабостите, пропустите и да понесат одговорност за тоа, морална, политичка и законска. Овој случај е многу посериозен отколку што властите сакаат да го признаат тоа во јавноста. Спин мајсторите, криминалните и политичките предатори сега се на врвот од својата мрачна игра. И, се разбира, сево ова е детска играчка, доколку се работи за таен договор меѓу власта и Фамилијата. Тогаш сме во уште поголема неволја.

Орбановиот режим е во очигледна и без малку декларирана спрега со режимот на Путин, а на Балканот најблизок сега му е Вучиќ, откако барателот на политички азил, Груевски, неславно падна од својот диктаторски трон. Таа оска, во спрега со домашното политичко подземје, му овозможи мазно, иако кукавичко, бегство на Груевски.

Европската унија е исправена пред избор. Брисел не смее да дозволи понатамошно ширење на автократијата и кршењето на постулатите врз кои се темели функционирањето на правниот систем и демократијата во нејзините граници. Крајно време е политичко-правните структури на ЕУ да ги сфатат вистинските димензии на ова политичко гостопримство за македонскиот деспот. Тие мораат да преземат навистина решителни чекори да ги осуетат ваквите и слични чекори на Орбан, за доброто на Европа, ако Македонија не им е важна. Ова е отворена провокација за ЕУ и голем меѓународен скандал, врел шамар што руско-унгарската оска му го плесна на ЕУ.

Многу итро е смислен планот. Груевски не бега во Русија, туку во ЕУ. Со тоа му задава удар на европскиот принцип на владеење на правото и ја бранува и така кревката релација на линијата Будимпешта – Брисел. Ако ЕУ дозволи Орбан да му даде азил на Груевски, автоматски ја прогласува Македонија за недемократска земја. Ако тоа се случи и ЕУ не застане во заштита на владеењето на правото, ќе си пука во коленото и ќе го обезвредни и македонскиот напор за зачленување во унијата.

Во идеални услови, Орбан сега треба да испие едно ортачко кафе со Груевски, да му се извини и да го врати, под полициска придружба, назад на властите во Македонија. Во меѓувреме, судот во Македонија мора да продолжи со работа и да ги доведе процесите во кои Груевски е обвинет за другите дела кон нивната завршница, а македонските власти итно да испорачаат барање за екстрадиција (зошто се чека со тоа?). Се подразбира, властите мора да ги земат на одговорност сите што го овозможиле ова бегство на било кој начин.

Да се вратиме дома. Имајќи ги сите спомнати и огромниот број неспомнати реперкусии поврзани со случајот Груевски, треба уште еднаш да се замислиме и да констатираме: надминување на автократскиот и криминален режим на Груевски не е играчка. Бескрајните натегања и бесплодните договори и преговори се одвиваа паралелно со една крајно индолентна спрега од институции и функционери што се одговорни за отсуството на било каков значаен напор да се врати владеењето на правото во земјата. Се бараа и се ветија реформи во судството, полицијата, државните комисии и агенции, практикувањето на власта по сите вертикали и хоризонтали. Што од тоа се исполни? Погледнете околу себе… Македонија личи на брод што тоне, пред и да исплови од пристаништето.


Текстот е личен став на Авторот.
Share147Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ