Бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз областа Билхород-Днистровски во регионот Одеса порасна на 18, 30 лица се повредени, извести заменик-шефот на кабинетот на претседателот Кирило Тимошенко на Телеграм, пренесува Укринформ.
„Регионот на Одеса. До 08:30 часот: 18 лица загинаа, меѓу кои две деца. 30 се повредени“, напиша тој.
Претходно, оперативната команда „Југ“ на Телеграм објави дека руските трупи го гранатирале квартот Билхород-Днистровски со крстосувачки ракети Кх-22-22.
„Како резултат на ракетен напад на стратешката авијација Ту-22 од правец на Црното Море на областа Билхород-Днистровски во регионот Одеса во текот на ноќта, три ракети Кх-22 погодија повеќекатна станбена зграда и два рекреативни центри“, се вели во извештајот.
Заклучно со 05:30 часот на 1 јули, пронајдени се телата на 17 лица, меѓу кои и едно дете. Медицинска помош е укажана на 31 повредено лице, меѓу кои четири деца и една трудница, од под урнатините се извлечени осум лица, меѓу кои и три деца.
Тешко повредените се хоспитализирани. Спасувачките операции се во тек. На лице место работат истражни и оперативни екипи.
Како што е соопштено, ноќта на 1 јули, непријателот неколку пати го нападнал брегот на Црното Море во регионот Одеса со проектили користејќи авиони Су-35.
Подготви: Д.Мишев