Растат бројките на заразени со Ковид-19. Во последните 24 часа направени се 7.472 тестирања, а регистрирани се 1.725 нови случаи на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство.
Најголем број нови случаи има во Скопје – 1028, потоа следува Битола со 148 случаи, Прилеп со 112, Охрид – 61, Куманово – 52, Кавадарци – 43, Гевгелија – 32, Штип – 31, Струмица – 24, Тетово – 22, Гостивар – 21, Кичево – 20, Велес – 16, Кочани – 14, Делчево – 13, Крушево – 12, Струга – 10, Радовиш и Валандово – по 8, Ресен – 7, Неготино – 6, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Пробиштип и Македонски Брод – по 4, Кратово и Богданци – по 3, Виница, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, и Дебар, Демир Капија и Дојран – по 1 случај.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 2 починати лица: по едно починато лице од Скопје (66г) и Неготино (76г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe и 332 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 1.633.936 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 230.265, бројот на оздравени пациенти е 214.054, на починати е 8.002, а бројот на активни случаи изнесува 8.209, сооштија од Министерството за здравство.
Ц.Д