Жителите на општина Брвеница в недела, на 18 октомври, ќе гласаат на предвремени избори за градоначалник, на кои учествуваат шест кандидати од политички коалиции и независни иницијативи. Изборите доаѓаат по смртта на градоначалникот Ивица Илиевски во јуни годинава, а функцијата во меѓувреме ја извршуваше Роберт Милошески, дотогашен претседател на Советот на Општината.
Шест кандидати, четири политички коалиции и двајца независни
Во изборната трка учествуваат Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ; Јовица Радевски од коалицијата предводена од СДСМ; Јакуп Хусеини од ВЛЕН; Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција (НАИ); како и независните кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи.
Во кампањата кандидатите ветуваат проекти и мерки за развој на општината, подобри услови за живот, поддршка за младите и за локалната економија. другите кандидати настапуваат со сопствени програми и приоритети.
Државната изборна комисија на 13 октомври го утврди изгледот, содржината и заштитата на гласачкото ливче, со што подготовките за изборите влегоа во завршна фаза. Гласањето е закажано за 18 октомври 2026 година. ДИК соопшти дека болните и немоќните и лицата од КПУ гласаат утре, сабота, 17 октомври, а релутатите од гласањето ќе се објават во 20 часот. Во недела ДИК ќе излезе со податоци за текот на гласањето на 5 прес конференции. Првичните неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти по комплетирање на целосните податоци.
ЦМ Деск
ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.
Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.
Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.
Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.












