Брзај, брзај екс-премиере Никола Груевски кон судскиот двор, таму те чека обвинителката Фатиме Фетаи со мајчински збор. Докази, сведочења, обвиненија на секој нов час, таа ќе ти кажува со милозлив глас… Инаку, екс-премиерот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, обвинет во неколку предмети на СЈО, утрово го утна („мој“) термин и дојде час и половина порано во Основниот суд Скопје 1.
Груевски се појавил на судењето за случајот „Монструм“, и откако се пробил низ толпата роднини и новинари, застанал пред вратата на големата судница каде што се одржуваат неговите судења, но го пречекало обезбедувањето од судската полиција, кој му рече – „Вашето судење е закажано за 11.30 часот, сте направиле грешка“.
Екс-премиерот пред неколку дена се пожалил дека секој ден е на некакво судење. Од толку обвиненија на СЈО тој (не)намерно го утнал денешниот термин за судење за случајот „Тенк“, односно за незаконската набавка на луксузниот „мерцедес“ од страна на МВР и поранешната министерка Гордана Јанкулоска.
Д.М.