• Latest

Беса пред раскол, раководството поделено, закажани два конгреса

January 6, 2018

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Беса пред раскол, раководството поделено, закажани два конгреса

January 6, 2018 22:59
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Опозициската партија Беса денеска оддржа два паралелни собири на највисокиот партиски орган,Централниот совет, најавувајќи сериозен раскол во своите редови. Делови од Централниот одбор на Беса, во кои доминираа членовите на скопското и тетовското крило на партијата, денеска во Скопје и Тетово одддржаа собири на кои беа донесени дијаметрално различни одлуки. На првиот од лидерската позиција е сменет Билал Касами,заради,како што беше кажано, политичкиот пад на партијата, а на вториот е донесена одлука за свикување конгрес до кој со партијата и натаму ќе раководи актуелниот лидер.

Паралелните собири следат откако вчера оставка на својата потпретседателска функција во партијата поднесе експратеникот Зеќирија Ибрахими, најавувајќи турбулентен период, чиј епилог засега тешко ќе може да се предвиди.

На седницата на Централниот совет оддржана во Скопје, на која присуствувале 64 од вкупно 106 членови на овој највисок партиски орган, од функцијата е сменет лидерот Билал Касами, наводно заради непочитување на партискиот статут. За привремен претседател на партијата е назначен најстариот партиски функционер,пратеникот Неџбедин Каремани. Од собирот во Скопје за 21 февруари е закажан и Конгрес на партијата, на кој ќе треба да се избере новото раководство.

-Централниот совет денеска дискутираше и за одговорноста на претседателот на движењето, за резултатите на локалните избори и одговорноста за блокирањето на сите партиски  органи во текот на изминатите два месеца од страна на претседателот, како и за непочитувањето на статутот на партијата од негова страна. Поради ова Централниот совет на Беса со мнозинство гласови одлучи да го разреши Биљал Касами од функцијата претседател, изјави на прес конференција во Скопје, Орхан Муртезани,

Во Тетово, пак, се оддржа вториот дел од Централниот одбор, во кој доминираат членови од тетовското крило на партијата, предводено од Касами. Тие донесоа одлука конгресот да се оддржи на 24 февруари,а дотогаш со партијата и натаму да раководи актуелниот претседател Билал Касами.

На парламентарните избори во декември 2016 година движењето Беса освои пет пратенички места. Пред локалните избори, со најавите на своите градоначалнички кандидатури,Касами и Ибрахими поднесоа оставки на своите дотогашни пратенички функции.

извор: МИА

 

 


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Tags: БесаКасамиконгресраскол
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ