• Latest

Буча четири години подоцна: сеќавање, одговорност и предизвици за меѓународната правда

March 31, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА

Буча четири години подоцна: сеќавање, одговорност и предизвици за меѓународната правда

March 31, 2026 09:15
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА, ЕВРОПА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. Лариса Дир
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

На 31 март се навршуваат четири години од денот кога Вооружените сили на Украина го ослободија градот Буча од руските окупациски сили. Овој датум стана не само симбол на ослободувањето, туку и точка на пресврт во разбирањето на размерите на трагедијата што се одвиваше во предградието на Кијив во текот на првите недели од целосната инвазија на државата-агресор рф врз Украина на 24 февруари 2022 година.

Руската армија влезе во Буча на 27 февруари 2022 година. Во текот на 33 дена привремена окупација — од 27 февруари до 31 март 2022 година — градот стана место на масовни прекршувања на меѓународното хуманитарно право. За тоа време, според различни проценки на истрагата, беа извршени илјадници воени злосторства. Само во самиот град од рацете на Русите загина 561 цивил, меѓу кои 12 деца. Во Бучанскиот реон беа убиени повеќе од 1400 цивили, вклучително и 37 деца, и се документирани повеќе од 9 илјади злосторства.

По деокупацијата на Кијивската област, меѓународната заедница за првпат доби непосреден пристап до доказите за масовни убиства, тортура и други форми на насилство на руската армија врз цивилното население. Токму тогаш се појавија првите изјави на светските лидери за геноцидниот карактер на дејствијата на руската армија во Украина.

Сведоштвата собрани од украинските правоохранителни органи и меѓународните експерти укажуваат на системски карактер на насилството  на насилството на руската армија. Конкретно, утврдени се низа места на масовни егзекуции. На 4 март 2022 година на улицата Јаблунска руските окупациски сили егзекутираа 8 лица. На друга локација на истата улица, на 18 март беа убиени уште 4 цивили, а едно лице беше подложено на тортура со имитација на стрелање. Слични случаи се документирани и на други локации. Во детскиот санаториум „Променистиј“ по ослободувањето беа пронајдени 5 тела на измачувани невооружени лица, а уште 6 тела на цивили, кои руските окупатори се обиделе да ги запалат, имаа траги од тортура. Во околните населени места, вклучително и селото Шевченкове и на периферијата на Ирпин, се документирани нови факти на тортура и егзекуции на цивили.

Овие настани станаа едни од првите обемни сведоштва за карактерот на војната што рф ја води против Украина. Кијивската област, а особено Буча, се претворија во симбол на трагедијата поради концентрацијата и масовноста на злосторствата на рф, кои го привлекоа вниманието на меѓународната заедница и организациите за човекови права. Тука Украина и целиот свет видоа како навистина изгледа „рускиот мир“, кој кремљовската пропаганда го крие од очите на јавноста на окупираните територии.

Четири години подоцна, Буча останува не само место на сеќавање, туку и симбол на незавршениот процес на правдата. Овие злосторства веќе станаа дел од колективната меморија на Европа, а во услови на тековната војна, и други украински градови и понатаму се соочуваат со слични предизвици.

Оддавањето почит на жртвите од Буча не е само акт на сеќавање, туку и потсетник за заедничката одговорност на меѓународната заедница. Истрагата на секое воено злосторство, казнувањето на виновните и спречувањето на повторување на слични трагедии — се задачи што ги надминуваат границите на една држава. Во овој контекст, создавањето на Специјалниот трибунал за кривичното дело агресија против  Украина (Special Tribunal for the Crime of Aggression against Ukraine) во Хаг има важна улога како механизам за повикување на одговорност на највисокото политичко и воено раководство на државата-агресор за самиот факт на злосторството на агресија.

Токму затоа е важно Република Северна Македонија, како и другите држави кои се заложија за создавање на Специјален трибунал за кривичното дело агресија против Украина, да се приклучи кон Проширениот делумен договор за Специјалниот трибунал за кривичното дело агресија против Украина (the Enlarged Partial Agreement for the Special Tribunal for the Crime of Aggression against Ukraine) и да ги поддржи напорите за изведување на виновните пред правдата. Практичното започнување на работата на Специјалниот трибунал веќе оваа година е од исклучителна важност не само за обезбедување правда за Украина и украинскиот народ, туку и за зајакнување на меѓународното кривично право, дополнување на напорите на Меѓународниот кривичен суд и спречување на повторување на вакви ужасни злосторства во иднина.

Нема место за неказнивост: обезбедувањето на повикување на виновните на одговорност е неопходен предуслов за постигнување одржлив мир.

 


Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ | Дозволено е преземање со атрибуција и линк до изворот: CC BY 4.0


Фото извор: Амбасада на Украина во РСМ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ