Бугарската Социјалистичка партија ќе го врати мандатот за нова коалициска влада откако не успеа да формира мнозинство во парламентот.
„Она што се случи денеска му покажа на бугарското општество кој е на која страна од оваа линија на поделба – народот и партиите кои сакаат да се борат против корупцијата и оние кои сакаат да ја заштитат корупцијата“, изјави Свиленски od БСП.
„На сите ни стана јасно, а исто така и на бугарските граѓани, дека ‘Вазраждане’ е патерица на ГЕРБ, а ИТН на ДПС. Стана јасно дека од првиот ден, кога ИТН објави желба за разговори, сè беше лицемерно однесување и никогаш немале намера Бугарија да има влада и работно мнозинство. Во оваа ситуација и според одлуката на Националниот совет на БСП, утре ќе го вратиме мандатот на претседателот Радев како неисполнет“, рече Свиленски, пренесе БНР.бг.
На прашањето кога ќе бидат закажани парламентарните избори, Свиленски одговорот го упати до претседателот и до претседателската институција.