Бугарија го повика на консултации во Софија нејзиниот амбасадор во Република Северна Македонија, Ангел Ангелов, пренесува бугарската новинска агенција БТА.
Причината за неговото привремено враќање во Бугарија „е тешката ситуација во однос на правата на Бугарите во Северна Македонија и ескалацијата на злосторствата од омраза против нив во последните месеци“.
„Кривичните дела вклучуват: вербални напади и закани кон бугарски активисти во РСМ, подметнат пожар во Културниот клуб „Иван Михајлов“ – Битола во јуни 2022 година, три последователни напади врз зградата на организацијата „Цар Борис Трети“ – Охрид, вклучително и пукање со огнено оружје на 24 ноември 2022 година, агресивна антибугарска кампања на социјалните мрежи во Северна Македонија, насилен напад на 19 јануари 2023 година над Христијан Пендиков, секретар на организацијата „Цар Борис Трети“ во град Охрид и усвојувањето во ноември 2022 година на Законот за здруженија и фондации во Република Северна Македонија, соопштија од бугарското министерството за надворешни работи, пренесува медиумот.
Целта на консултациите, според медиумот е да се разговара за можностите за запирање на опасната тенденција на засилување на притисокот врз граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест и за изгледите за натамошен развој на билатералните односи.