• Latest

Бугарските условувања кон Скопје апсурдни, велат експертите

November 2, 2020
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бугарските условувања кон Скопје апсурдни, велат експертите

November 2, 2020 09:52
in ВЕСТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во очекување на финален договор за преговарачката рамка за Северна Македонија, која е чекор кон одржување на првата меѓувладина конференција за старт на преговорите за членство на земјава во ЕУ, меѓународните експерти со оценка за апсурдноста на условите кои доаѓаат од официјална Софија.

Австрискиот политички аналитичар и директор на тинк-тенкот Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнаус, оценува дека доколку не се најде решение за најавата на Софија за блокада на пристапните преговори на земјава, ЕУ ќе го загуби кредибилитетот на политиката за проширување, што би било трагично за Унијата, за Северна Македонија и за Бугарија.

„Ако не се реши ова, кредибилитетот на политиката за пристапување во ЕУ ќе се распадне во 2020 година, под германското претседателство со ЕУ. Во време на веќе огромна нестабилност околу ЕУ“, оценува австрискиот експерт за Западен Балакан.

Барањето на Софија и на шефицата на дипломатијата Екатерина Захариева Скопје да признае дека македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени, тој го оцени како апсурдно.

„Замислете Германија да инсистира „Австрија да ги признае германските корени“, заканувајќи се со „тензии“ ако не го стори тоа. Шведска да ѝ го прави тоа на Норвешка. Чесите ова да им го кажат на Словаците. Апсурдно? Да! Тоа е она што го прави Бугарија, уривајќи го кредибилитетот на политиките на ЕУ за Балкано“т, пишува Кнаус на неговиот Твитер налог.

Захариева минатиот петок во интервју за Ројтерс изјави дека Бугарија не го оспорува правото на Република Северна Македонија на самоопределување, ниту правото да го нарекува својот јазик како што сака и дека Софија е подготвена да ја потврди сегашната реалност, но Скопје „треба да ја признае историската вистина“.

„Нашата загриженост е поврзана со постојаните тврдења на РСМ кон македонско малцинство во нашата земја. Ако тие ги препознаат корените на нивната нација и јазик, ова ќе заврши“, додаде таа.

Наредна можност за надминување на разликите, со Бугарија пред одржувањето на Советот на ЕУ на почетокот на ноември, е средбата на шефот на дипломатијата Бујар Османи со неговата колешка Захариева в четврток во Софија на настанот „Западен Балкан по 2020: Акции и одлуки во време на пандемија“, на кој ќе се обрати и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.

„Се обидуваме да најдеме начин да се видиме. Сигурно, да не беше пандемијата досега ќе се гледавме неколку пати, иако ние сме во постојана комуникација со министерката. Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат да седнеме и да разговараме, бидејќи навистина се ближат деновите кога Советот треба да донесе одлука“, изјави Османи во петокот.

Во однос на работните групи на двете министерства кои, како што рече, комуницираат на дневна основа во рамки на ограничувањата што ги наметнува пандемијата, направени се конкретни исчекори. Според него, навистина би било штета да не се искористи наметнатата динамика и во односите меѓу политичарите и во комисиите.

„Се разговара отворено за сет на прашања за кои сметаме дека има простор да се олеснат одредени загрижености на двете страни во овој процес. Да се објаснат различните очекувања и различните пристапи“, изјави Османи.

Претседателот Стево Пендаровски минатата недела по завршувањето на седницата на Советот за безбедност изјави дека нема да има никакви отстапки од националните и државните интереси, кои го подразбираат идентитетот.

„Тоа што можам да го кажам, да го повторам нашиот став, а тоа е дека нема никакви отстапки и не може ни да има, од националните и државните интереси, кои подразбираат дека нема преговор за нашиот идентитет. Тоа е наше чувство и секако преговори за нашиот идентитет не треба да има“, одговори претседателот Пендаровски.

„Грција го призна нашето право на самоопределување и тоа е наше чувство и секако преговори за нашиот идентитет и македонски јазик нема и не треба да има. Бугарија е пријателска земја и јавно го истакнува признавањето на македонскиот јазик и народ, ја признава реалноста. Јас верувам дека работните групи кои работат и разговараат секако ќе ги изнајдат решенијата. Навистина очекувам од бугарскиот народ и лидерството на Бугарија да направи конкретен и прецизен чекор за македонскиот јазик и народ. Уште еднаш ќе напоменам, нема нов договор, ниту анекс на договор, ние сме подготвени да ги појасниме, допрецизираме и изјавиме одредени работи. Навистина имаме многу успеси, десет седници се одржани, најдени се решенија за 5 историски личности во 3 историски периоди, продолжуваме и понатаму ќе ги изнајдеме личностите“, истакна Заев.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ