Народното собрание на Бугарија гласаше за нацрт-резолуција за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје и отворање на патот за европска интеграција на Северна Македонија, јави известувачот на БГНЕС.
За предлогот на „Демократска Бугарија“, одобрен од Комисијата за надворешни работи, гласаа: 170 – за, 37 – против, 21 – воздржани, со што предлогот беше прифатен. Останатите два предлога беа одбиени.
По предлог-одлуката вчера се расправаше на Комисијата за надворешни работи и денеска беше доставена до Комората на разгледување како прва точка.
Предлог-одлуката, поднесена од Христо Иванов и „Демократска Бугарија“, е заснована на предлогот на француското претседателство и се надоврзува на тоа за да бидат максимално заштитени бугарските интереси.
Овој документ е многу близок до другата предлог-одлука предложена од ГЕРБ и поддржана од партијата на Бојко Борисов.
Документот ги потврдува условите под кои Софија може да го поддржи процесот на европска интеграција на Северна Mакедонија.
Подготви: Д.Мишев