Бугарската партија ВМРО, на поранешниот министер за одбрана Красимир Каракачанов, во градот Кресна денеска организираше протести против евентуалното тргање на бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, јавува софиската телевизија Нова.
„Од 4 мај одржуваме различни акции за да покажеме дека Владата не е надлежна за нашите односи со Северна Македонија. Историската вистина е на наша страна“,изјави еден од учесниците на протестот, Владимир Митов, за Нова.
Додека тој даваше изјава, демонстрантите извикуваа „И порано и сега, Македонија е бугарска“./ С.П












