• Latest

Буриќ: Злосторства во Буча засекогаш ќе останат во колективната меморија на Европа

March 31, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Буриќ: Злосторства во Буча засекогаш ќе останат во колективната меморија на Европа

March 31, 2023 11:22
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Украинците денеска ја одбележуваат првата годишнина од ослободувањето на градот Буча од руската армија, а претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Кијив никогаш нема да им прости на одговорните за, како што рече, злосторствата во градот.

Украинските сили ги вратија Буча и Ирпин во близина на Кијив на крајот на март минатата година, а меѓународни истражители сега собираат докази во тие и други градови каде, како што тврдат украинските власти, руските војници извршиле големи злосторства.

Русија ги негира обвинувањата, а откако Украина ја презеде контролата врз Буча, се појавија фотографии од тела на улиците.

Кијив тврди дека руските сили го држеле градот 33 дена и оти за тоа време биле убиени 1.400 луѓе, меѓу кои 37 деца.

– Повеќе од 175 луѓе беа пронајдени во масовни гробници. Сведоци сме на 9.000 руски воени злосторства. Денеска се навршуваат 365 дена откако Буча повторно е слободна, рече Зеленски.

Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ изјави дека „денеска се навршува една година откако руските сили извршија страшни злосторства во Буча и Ирпин“.

– Овие злосторства засекогаш ќе останат во колективната меморија на Европа. Додека руската агресија продолжува, други украински градови се соочуваат со слични злосторства. Ова нема да остане неказнето. Виновниците мора да бидат изведени пред лицето на правдата, нема да има мир додека одговорните не бидат изведени пред лицето на правдата. Советот на Европа, во соработка со Украина, ќе направи се за да се спроведе компензација за жртвите и одговорните да се изведат пред лицето на правдата, се вели во соопштението на Пејчиновиќ Буриќ.

Tags: БуриќБучаЗеленскиУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ