• Latest

Хаџи – Ангелковски: Шарената револуција е граѓанска катарза!

June 24, 2016
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Хаџи – Ангелковски: Шарената револуција е граѓанска катарза!

June 24, 2016 16:17
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Демијан Хаџи – Ангелковски, твитерџија и активист на Шарената револуција, во Македонија, за влијанието на Фејсбук и Твитер на протестите. Во време кога медиумите се под целосна контрола на Владата или стравуваат да објавуваат содржини кои се против власта , социјалните мрежи главно беа и се – клучната алатка за поддршка на Шарената револуција, преку која граѓан(к)ите се информираа(т). „Во твитовите и статусите за сплотување пишуваше дека заедно сме посилни и дека нема повеќе меѓуетнички тензии во Македонија, дека единствено, само сплотени можеме да продолжиме понатаму и да се бориме против злото – денешнава Влада и тоа што се случува изминативе 10 години“, ни ијзави Хаџи – Ангелковски.

https://www.youtube.com/watch?v=3Z7TBNE92EU

ЦИВИЛ Медиа: Колку социјалните мрежи влијаеа врз популарноста на Шарената револуција и начинот на кој ги повикуваше граѓаните? Колкав е нивниот придонес за мотивацијата на граѓаните?

ХАЏИ – АНГЕЛКОВСКИ: Ако ме прашате мене, мислам дека социјалните мрежи барем во Македонија, во изминативе година ипол или две години, беа клучен аспект за сѐ што се случуваше на улиците и во однос на политичката криза и за изнаоѓање на начини за излез од кризата. Многу работи почнаа од обични твитови на Твитер, до долгите статуси на Фејсбук, коишто потоа беа преземени од медиумите и беа еден начин на менување на дискурсот на омраза што го ширеа одредени провладини медиуми. Тука ги имаше твитовите и статусите за сплотување, дека заедно сме посилни и дека нема повеќе меѓуетнички тензии во Македонија, дека единствено, само сплотени можеме да продолжиме понатаму и да се бориме против злото – што е денешнава Влада и тоа што се случува изминативе 10 години. Ако ме прашувате лично мене, тоа е – пропаѓањето на Македонија, додека на вестите се фалиме дека овде е се розово и дека сме лидери во регионот, во светот, е некогаш дури и пошироко.

13417704_10209310778877700_3358649770232090296_n
Демијан Хаџи – Ангелковски

ЦИВИЛ Медиа: Како од личен аспект гледате на Шарената револуција и колкав е вашиот придонес кон популаризирањето на протестите?

ХАЏИ – АНГЕЛКОВСКИ: За мене, Шарената револуција е дефинитивно најдоброто нешто што се случи во Македонија од независноста, па се до денеска. Јас ќе бидам скромен, и не мислам дека мојот придонес е којзнае колку голем, или дека јас лично сум направил нешто. Напротив, мислам дека сите заедно направивме многу повеќе и не е ова борба што лично јас ја водам, туку ја водиме сите заедно, граѓаните на Република Македонија – за да си ја вратиме државата. Многу луѓе велат за нас дека сме непатриоти, предавници или што и да е, со таа реторика на омраза… Напротив, јас воопшто нема да се согласам со нив, мислам дека ние сме патриотите и мислам дека за првпат почнуваме да го уриваме митот дека единствено само членови на владејачката партија или некои одредени други структури, се вистинските патриоти. Напротив, патриотите се тие што сакаат слободна Македонија, што сакаат Македонија да биде просперитетна, европска, интегрирана држава, каде што нема да има меѓуетнички тензии, каде што нема да има поголеми и пошироки проблеми, туку ќе биде држава каде што сите ќе седнеме на маса и преку дебата и дискусија, ќе си ги решиме разликите или проблемите коишто ги имаме.

13076602_10208860853909857_4926989042103225357_n

ЦИВИЛ Медиа: Колку ќе трае Шарената револуција?

ХАЏИ – АНГЕЛКОВСКИ: Шарената револуција ќе трае се додека не достигнеме до слобода, до правна држава, до држава која што е сплотена, правдата еднакво ќе важи за сите, а нема да биде селективна. Мислам дека ќе успееме тоа да го постигнеме и сум голем оптимист, гледам многу големи промени во последните две години, тука беше Студентскиот Пленум, понатаму Средношколскиот Пленум и сите други пленуми што се родија лани. Имавме многу моменти на еден вид на граѓанска катарза, особено протестот лани, на 5 мај, којшто се одржа по објавување на таканаречените бомби од опозицијата за Мартин Нешковски… Но, сега веќе не сме поделени. И денес слушнавме дека е одлично да се отвораат многу фронтови, за да не знае каде попрво да удри владејачката партија – за да не сузбие. Јас лично нема да се согласам со ваквата реторика, мислам дека ни треба еден голем широк фронт којшто ќе биде обединувачки, којшто ќе биде сплотувачки, кој што ќе биде за слобода, демократија и правда во Македонија!

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента

 

Tags: граѓанска катарзаДемијан Хаџи - Ангелковскисоцијални мрежитвитерфејсбукШарената револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ