• Latest

Хана Арент: Личната одговорност под диктатура!

February 3, 2017

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПОЛИТИКА

Хана Арент: Личната одговорност под диктатура!

February 3, 2017 16:30
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поенти од најпознатата теоретичарка на тоталитаризмот, за „нормалноста“ на злосторниците, за „баналноста на злото“, за вината за соучесништво на сите соработници на режимите, без разлика на нивните мотиви, за „оние кои избрале да умрат наместо да убијат“, почитувајќи ја мислата дека „што и да се случи, сé додека живееме, ние ќе мораме да живееме заедно со самите себе”…

„Проблемот со Ајхман беше токму тоа што толку многу беа како него, и дека многу од нив, не биле ни перверзни ниту садисти, дека тие биле, а и сé уште се, страшно и застрашувачки нормални. Од гледна точка на нашите правни институции и на нашите морални стандарди на пресуда, оваа нормалност е многу пострашна од сите злосторства заедно, што имплицира – како што е кажано во Нирнберг, одново и одново, од обвинетите и нивните бранители – дека овој нов вид на криминалец, кој е всушност hostis generis humani, (непријател на човечкиот род) прави злосторства под околности коишто оневозможуваат тој да знае или да чувствува дека греши”, пишува Хана Арент, во книгата „Ајхман во Ерусалим“.

Издадена во 1963-тата година, оваа книга Арент му ја посветува на судењето на еден од главните архитекти на Холокаустот, Адолф Ајхман, со што придонесува „баналноста на злото“ да стане една од најпознатите идеи на пост-воениот дискурс.

Арент, како една од најцитираните политички мислителки за тоталитаризмот, многу често е критикувана, па така и овој концепт со баналноста на злото, предизвикува голема контроверзност, особено изјавата на Арент дека „Ајхман не е чудовиште, туку кловн“.

Како што стои во статијата со наслов „Хана Арент за личната одговорност под диктатура: Подобро е да се страда наместо да се соработува“, објавена на порталот Open Culture, германска теоретичарка пишувала дека, треба да се обвинат и жртвите кои биле принудени да соработуваат, благодарение на кои нацистичкиот офицер изгледал нормално и незабележително, со што всушност, тој се ослободувал од огромната морална тежина на неговата одговорност.

Во есејот „Лична одговорност под диктатура“, Арент потенцира дека доколку на Ајхман му било дозволено да биде репрезент на  монструозниот и нечовечки систем, наместо на шокантно обични, човечки суштества, неговата пресуда ќе го направела жртвено јагне, со што останатите би сноселе одговорност. Но, наместо тоа, Арент верува дека сите оние кои соработувале и работеле за режимот, без разлика на нивните мотиви, се соучесници и морално виновни. Но, таа вели дека оние кои соработувале не биле, всушност, криминалци, и покрај нивните огромни морални злосторства, туку дека тие избрале да бидат послушни и да ги следат насоките и правилата на очигледно криминалниот режим. Таа посочува дека сите слуги на режимот се согласиле со одреден степен на насилство, а имале и други опции, иако тие опции би можеле да бидат фатални. Цитирајќи ја Мери Мекарти, Арент пишува: „Ако некој впери пиштол во Вас и Ви рече, убијте го Вашиот пријател или јас Вас ќе Ве убијам, тој Ве искушува, тоа е сè“.

Ваквата околност може да биде „правен изговор“, за убиство, но германската мислителка се обидува да го  дефинира „морално прашање“, Сократскиот принцип во кој, според неа, сите ние веруваме, односно: „Подобро е да се страда, отколку да се прави лошо“ дури и кога лошото е закон. Таа тврди дека луѓето како Ајхман се само почитувачи на законот, заштитени со општествени привилегии, а не криминалци и психопати. Арент пишува дека токму членовите на респектабилното општество кои не биле допрени од интелектуалниот и морален пресврт во раните фази на нацистичкиот период, се всушност, првите кои попуштиле. Тие учествувале во замената на еден систем на вредности против друг, без воопшто да размислат за моралот и вредностите на новосоздадениот  систем.

Додека, оние кои избрале да умрат наместо да убијат, според Арент, не се високо интелигентни и софистицирани во однос на моралните прашања, тие се едноставно, критички мислители што го практикуваат она што Сократ го нарекува „тивок дијалог помеѓу мене и јас”. Луѓе кои одбиваат да се соочат со иднината, каде ќе треба да живеат со себеси, по сторување или овозможување злосторства. Арент потенцира и потсетува дека „што и да се случи, сé додека живееме, ние ќе мораме да живееме заедно со самите себе”.

Можеби бројот на ваквите критички мислители е мал и навидум неефективен, но во доволно голем број, би можел да смени многу, вели оваа мислителка. Цитирајќи го Џејмс Медисон, Арент пишува дека сите влади почиваат на „согласност”, наместо на „крајна послушност“ и потенцира дека лидерот би бил беспомошен без согласност од владата и корпоративните вработени. Но, според неа, во моментот кога луѓето се чувствуваат најмногу како немоќни и под принуда, искреното признавање на сопствената импотенција може да ни даде „последен остаток на сила” – да одбиеме.

„Можеме само за момент да замислиме што би им се случило на ваквите форми на владеење, ако доволен број луѓе дејствуваа ‘неодговорно’ и одбиваа да им дадат поддршка, дури и без активен отпор и бунт, за да видиме колку ефикасно оружје, тоа би можело да биде“, истакнува Арент.

Арент потенцира дека потенцијал на граѓанска непослушност претставуваат многуте варијации на ненасилна акција и отпорност, иако сепак, е свесна дека таквиот отпор може да има огромна цена за човечкиот живот. Но, потенцира дека алтернативите, како ваквите криминални режими кои неретко се реинкарнација на апсолутно зло, како што е Хитлеровиот нацизам, се застрашувачки полоша опција.

Оваа статија, која очигледно кореспондира и со современите политички процеси, е уште една потврда дека матката што ги роди ваквите криминални режими, репродуцира нови апсолутни зла во 21-от век.

Подготви: Климентина Ѓорѓиевска

Tags: АјхманВиенаграѓанска непослушностотпорпослушностсоработници на режимотХана Арент
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ