• Latest

Хаос и во списоците за гласање во странство!

December 9, 2016
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Историски факти: Кога е Денот на победата над фашизмот

May 9, 2025

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Хаос и во списоците за гласање во странство!

December 9, 2016 17:19
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Хаваријата во Избирачкиот список на граѓаните кои ќе гласаат во Македонија, за жал, е „заразна„ и присутна и на списоците за гласање во дијаспората, на кои се регистрирани 20.573 граѓани, кои ќе гласаат утре, во 46-те дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Македонија во Европа, Австралија и Северна Америка.

Македонски граѓани кои се на студии или на работа во странство, реагираа до ЦИВИЛ за нивните голготи во обидите да го остварат правото на глас! Од друга страна, остануваат сомнежот и обвинувањето на Синдикатот на македонската дипломатија, дека и дел од македонските дипломати ја злоупотребиле својата положба за партиска пропаганда на власта!

Студентот на универзитетот „Адам Мицкјевич” во Познањ во Полска, прилепчанецот Звонко Димоски реагираше до ЦИВИЛ за проблемите со„шетањето„ на неговото име по списоците во Познањ и во Прилеп, за што го известил и Народниот правобранител. Но, од македонската амбасада во Варшава и од ДИК не добил никаков одговор.

„Знаејќи дека нема да бидам за време на изборите во Македонија, уредно и навремено се регистирав за гласање во странство. Државната изборна комисија, на 5-ти мај ми испрати електронска порака со следнава содржина: ‘Почитувани, Ве информираме дека успешно ја пополнивте пријавата за гласање во странство. За статусот на Вашата пријава дополнително ќе бидете известени. Со почит, Државна изборна комисија’. Не ме известија за статусот, но неколку дена подоцна, сам го проверив и веќе бев префрлен како гласач во македонската амбасада во Варшава. Се сетив да проверам повторно пред три дена, и наместо во Варшава, повторно ме вратиле на списокот на гласачи во Прилеп?! Во Варшава, каде што требаше да гласам, нормално не постојам! Им пишав порака, барајќи објаснување и притоа, ја додадов нивната порака за мојата потврдена пријава од нивна страна. Засега, нема никаков одговор“.

Слично е искуството и на Александар Николов кој во реакцијата до ЦИВИЛ, пишува: „Пријавен сум да гласам во дијаспората, во Лондон, и мојата пријавена беше уредно поднесена по електронски пат и истата беше прифатена. Сепак, кога повторно деновиве проверив во електронскиот избирачки список, повеќе не сум таму, иако фигурирав до пред две недели. Имам потврда дека моето избирачко право можам да го остварам во конзуларното претставништво во Лондон, на 10 декември 2016, и јас, во секој случај, ќе бидам на гласачкото место во сабота. Иако не знам дали сум сé уште на Избирачкиот список“.
miting-vls-2711-34

Покрај ваквите случаи на поединци-жртви на хаосот во ДИК, и покрај објавените реакции на иселениците за злоупотреба на нивните лични податоци, до ЦИВИЛ стигнаа и информации дека е забележана масовна појава на пријавување на иселеници од иста и-мејл адреса! Иако, според ДИК, како што веќе беше објавено во одделни медиуми, нема ништо незаконско во тоа што илјадници гласачи се пријавувале на тој начин, па дури и од иста и-мејл адреса на дипломатско-конзуларни претставништва, зачудувачки се крајно сомнителните примери. Според австралискиот портал falanga.com.au, „од сите држави, најскандалозни се бројките од Австралија. Дури 913 гласачи се пријавиле за гласање од и-мејл адресата на конзулатот во Мелбурн, а 523 гласачи од и-мејл адресата од амбасадата од Канбера! Иако се знае фактот дека гласачкото тело од Австралија се претежно пензионери, кои речиси 100 отсто немаат и-мејл адреса, многу е чуден фактот што кај сите нив е достапна само адресата од претставништвата на Мелбурн и Канбера. Од наши извори, дознаваме дека од Перт се пријавени над 300 гласачи од кои најверојатно само мал дел ќе дојдат на гласање во Мелбурн“, пишува австралискиот портал на македонски јазик.

Министерството за надворешни работи не се изјасни дали македонските дипломати ја злоупотребиле положбата и вршеле групно пријавување, иако и Синдикатот на македонската дипломатија реагираше со соопштение, наведувајќи пример на „злоупотреба на македонската амбасада во Париз и на нејзиниот персонал за партиски, предизборни цели и активности“ и побара да се утврди соодветната одговорност за случајот во кој државен службеник бил испратен од Македонија во партиска функција, за ширење на партиска пропаганда!

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ