Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски на платформата на социјалните медиуми X го коментираше „меморандумот“ за „прекин на огнот“ презентиран од Русија за време на руско-украинските мировни преговори во Истанбул, нагласувајќи дека Русија го сака истото што го сакаа Нацистите во 1938 година.
„Сведоци сме на уште еден во низата руски „мировни“ планови. Ист е како и сите претходни – да не се лажеме. Украина мора да се предаде, Западот попушта. Нацистите го сакаа ова во 1938 година, Кремљ од 2014 година“, напиша Липавски.
We’re witnessing yet another in a series of Russian “peace” plans. It’s the same as all the previous ones – let’s not be fooled. Ukraine must surrender, the West give in. Nazis wanted this in 1938, the Kremlin since 2014. Putin offers nothing new. Russia cannot be trusted.
— Jan Lipavský (@JanLipavsky) June 3, 2025
Шефот на чешката дипломатија во коментарот алудираше на договорот од септември 1938 година, што го склучи тогашниот британски премиер Невил Чемберлен со Адолф Хитлер на Минхенската конференција, познат како Минхенски договор, кој вклучуваше доделување на регионот Судетенланд во Чехословачка на Хитлер, во замена за ветувањето на Германија да не поставува понатамошни територијални барања во Европа. Чемберлен верувал дека ова ќе спречи војна, но договорот бил широко оценет како неуспех на помирувањето бидејќи Хитлер наскоро ги прекршил неговите услови и го нападнал остатокот од Чехословачка и остатокот од Европа, предизвикувајќи ја Втората светска војна.
Тојистакна дека лидерот на Кремљ, Владимир Путин, „не нуди ништо ново“ и повтори дека на Русија не може да ѝ се верува.
За време на преговорите во Истанбул на 2 јуни, руската делегација ѝ предаде на Украина верзија од нејзиниот „меморандум“, кој вклучува две предложени сценарија за „прекин на огнот“.
Според првото сценарио, Кијив би морал да започне со постепено повлекување на своите трупи од четири региони делумно окупирани од руската војска: Донецк, Луганск, Запарижја и Херсон. Украина, исто така, би морала да ги повлече своите сили на „договорено“ растојание од руската граница.
Второто сценарио, наречено „пакет предлог“, не бара експлицитно од Украина да ги отстапи окупираните територии, но вклучува неколку услови: забрана за мобилизација и почеток на демобилизација во Украина; запирање на меѓународните испораки на оружје, разузнавање и сателитски комуникации до Кијив; и одржување на претседателски и парламентарни избори најдоцна 100 дена по укинувањето на воената состојба.
Д. Мишев