• Latest

Четири писма до кандидатите

November 29, 2020

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Четири писма до кандидатите

November 29, 2020 08:00
in ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Успехот се чувствува кога поданикот ќе почне да се однесува исто како и господарот. Тогаш започнува трошењето на постигнатото и падот е неминовен.

Милан Кундера („Неподнослива леснотија на постоењето“)

Кампањата за градоначалник на Штип трае веќе цела недела. Кандидатите се со различно образование , со различно поимање на политиката, веројатно со различни идеологии. Овој пат се и со различна боја на кожата. Разликите се богатство, не само во можноста за избор, туку и во различноста на гледањето на правците на развојот на градот. Сето тоа треба да се почитува како квалитет плус. За да можат граѓаните да ја видат разликата, кандидатите треба да добијат можност, своите предлози да ги престават и при тоа да имаат еднакви можности. На располагање им се локалните и централните медиуми, социјалните мрежи.

ТВ Ирис дури и се откажа и од политичката пропаганда, во пропишаните термини, за да не биде доведена до сомнеж нејзината објективност поради семејната блискост меѓу сопственикот на телевизијата и еден од кандидатите. Невладините организации кои вршат мониторинг над целиот процес , кандидатите треба да ги контактираат и да бараат од нив заштита во секој момент кога нечие избирачко право ќе биде нарушено. ЦИВИЛ најавува постојано присуство пред и за време на изборите.

Но и ние како граѓани имаме право на разбирливост на предлозите што ни ги нудат кандидатите. За да се одлучиме за еден од кандидатите, треба точно да знаеме што е тоа што го предлагаат како важност за сите нас.

Затоа решив да и напишам на кандидатите четири писма, кои се надевам дека ќе помогнат  во разбирањето меѓу  нив и граѓаните.

ПИСМО ПРВО

Добро прочитајте го и проучете го Законот за локална самоуправа. Таму, во членот 50, се наведени сите шеснаесет точки со правата и должностите на  градоначалникот. Тоа е од голема важност за кандидатите кои во кампањата ветуваат многу работи. Може да се работи на проекти кои се во доменот на овластувањата на градоначалникот. Во Законот за локална самоуправа се одредени и односите со советот на општината, со институциите на локалната самоуправа, со локалните јавни претпријатија и со владата и институциите на државата. Освен еден кандидат кој има партиска поддршка од советниците, другите кандидати ќе треба да го кажат својот став, околу начините на соработка со  советот и јавните претпријатија, чии директори ги именува управниот одбор. Членовите на управниот одбор ги гласа советот на општината. Така законодавецот ги поделил  овластувањата. Кандидатите при предлагањето на својата програма ќе треба исто да ги образложат и начините на соработка со владата и министерствата. И овде само еден кандидат има политичка поддршка. Ова не значи хендикеп за кандидатите кои не се од владејачкото мнозинство, но пред граѓаните ќе треба да се произнесат – како ја замислуваат соработката.

ПИСМО ВТОРО

Буџетот на локалната самоуправа има два дела. Едниот е блок дотациите од централниот буџет и е поделен по ставки во кои може да се интервенира само во со закон определени ситуации. Тој изнесува за општина Штип околу 500 милиони денари. Сопствениот буџет изнесува околу 400 милиони денари и од него се финансира работата на општинската администрација и годишните програми на јавните претпријатија. Бидејќи буџетот се донесува до крајот на декември од тековната година кандидатите мора да го проучат предлогот за идната година и да им објаснат на граѓаните од кои средства ќе ги реализираат предложените проекти. Пример, се ветува изградба на студентски дом во Штип. Во овластувањата на локалната самоуправа никаде нема да сретнете можност за стопанисување со такви објекти. Пари за капитални инвестиции во буџетот има едвај нешто повеќе од 500 илјади евра, па не е тешко да се пресмета колку годишни буџети ќе треба за да се реализира таков проект. Средства од владата за проекти има, но треба да се каже дали се готови или во која фаза се. Од идејата за такви проекти па до нивно предлагање на вадата некогаш поминуваат и две години .  Ни во светот ниту кај нас нема ручек без пари. Затоа познавањето на буџетските движења на локалната самоуправа е нужен дел од кампањата.

ПИСМО ТРЕТО

Кандидатите најчесто ветуваат привлекување на инвестиции и доведување на инвеститори. За да им биде јасно на граѓаните и да подржат нечија кандидатура, кандидатот треба да има познавање од деталниот урбанистички план. И најдобрите намери често се сопнуваат пред долгите процедури за измена на ДУП, ГУП или некој друг план. Овде кандидатот уште во кампањата треба да наведе кој ќе му биде тимот со кој ќе работи, зашто од нивната стручност зависи најголем дел од реализацијата на било кој проект. Се разбира намената на проектите и користа што ќе ја имаат граѓаните мора да биде објаснета. За проекти од јавно-приватното право  исто ќе мора да се образложи динамиката на реализација и обврските на локалната самоуправа. Општините имаат право и на задолжување на домашен и странски пазар, но со оглед на должината на мандатот на идниот градоначалник, процедурите се предолги за користење на таквата можност. Овде кандидатите мора да се изјаснат и за продолжувањето на веќе започнатите проекти и нивната динамика што ја предлагаат. Странските фондации учествуваат во локални проекти но се со строги правила и процедури. Кандидатот би требало да образложи кои се тие проекти и кој дел од нив ќе биде реализиран до крајот на  мандатот.

ПИСМО ЧЕТВРТО

Соработката со граѓанскиот сектор мора да биде на основи уште сега предложени на јавноста. Сликата што овој сектор, за локалната самоуправа ја пренесува, многу често е дел од разните студии за намера, од кои зависат добри проекти што се на корист на градот и граѓаните. Кои  принципи ќе ги применува кандидатот ако стане градоначалник е исклучително важно не само за еден градоначалник туку и за неколку мандата. Во ова писмо се бара став на градоначалникот и за неговиот начин на контакт со граѓаните и осетот за нивните проблеми.

Можни се и повеќе писма до кандидатите за градоначалник на Штип, но за почеток, нека ги читаат овие четири. Петтото ќе ги чека пред следните избори и во него ќе има само една реченица:

Што сработивте од ветеното?

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ