Најмалку 40 луѓе се верува дека се убиени, а околу 850 лица се приведени во немирите во Венецуела во последниве денови, информираат Обединетите Нации (ОН).
Портпаролот на ОН за човекови права, Рупер Колвил, изјавил дека 26 од жртвите се убиени од владините безбедносни сили, петмина при упад во нивните домови, а 11 загинале за време на кражби.
Колвил додал дека помеѓу 21 и 26 јануари биле приведени и повеќе од 850 луѓе, меѓу нив 77 деца, некои на возраст од само 12 години.
Немирите на улиците на Венецуела доаѓаат откако претседателот на Конгресот, Хуан Гаридо, се самопрогласи за привремен претседател на земјата на 23 јануари, поради незадоволството од претседателотНиколас Мадуро. Само на тој ден биле уапсени 696 лица низ земјата.