• Latest

Четворица затвореници барале 1.200 евра од мајка за да не и го тепаат детето во затворот „Идризово“

May 25, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Четворица затвореници барале 1.200 евра од мајка за да не и го тепаат детето во затворот „Идризово“

May 25, 2025 13:20
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Поднесена е кривична пријава во текот на вчерашниот ден против А.Б. и А.Р., на возраст од 31 и 25 години, двајцата од Скопје, поради постоење на сомнение дека сториле кривични дела „изнуда“ по член 258 став 1 и „лихварство“, по член 260 став 1 и против Е.Б. и Р.Р., на возраст од 27 и 20 години, исто така скопјани, поради сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ по член 258 став 1 во врска со член 22 и „лихварство“, по член 260 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

А.Б и А.Р., кои издржувале затворска казна во „Затвор – Идризово“, со користење незаконски стекнати мобилни телефони, преку апликацијата „Фејсбук – месинџер“ од мајка на друго лице кое издржувало затворска казна, барале да им исплаќа сума од 1.200 евра месечно за нејзиниот син да добие наводни „гаранции и заштита“ во затворот и подобри услови за сместување.

При видео – повиците, тие ѝ покажувале како насилно се однесувале кон нејзиниот син, притоа уценувајќи ја дека доколку не им бидат исплатени пари, ќе продолжат со насилството кон синот.

– На 23 мај, Е.Б., кој е брат на А.Б., и Р.Р., кој е брат на А.Р., по претходен договор со мајката на осуденото лице, дошле во Струмица со цел да остварат средба со неа, на која требало таа да им даде претходно договорен износ на пари, што биле дел од парите што ги барале како наводен долг што таа го имала кон нив. По остварената средба, односно во момент кога Е.Б. ги зел парите, што биле претходно обележани, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР – Струмица, а Р.Р. се дал во бегство, но, веднаш бил фатен и лишен од слобода, појаснија од МВР.

При лишувањето од слобода, кај Е.Б. биле пронајдени пари во различни валути и апоени, за што тој не приложил документација за потекло на наведените парични средства, по што истите од страна на полициски службеници биле одземени.

– Во исто време, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за организиран и насилен криминал и Одделение за насилен криминал при СВР – Скопје, извршени биле претреси во затворските ќелии во „Затвор – Идризово“, каде престојувале А.Б. и А.Р, при што кај нив биле пронајдени и одземени два незаконски стекнати мобилни телефони, нагласија од МВР.

Е.Б. и Р.Р. биле задржани во Полициската станица – Струмица. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица.

По поднесување на кривичната пријава, лицата биле изведени пред судија од Основен суд – Струмица, кој на Е.Б. и Р.Р. им определил мерка куќен притвор.

Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ