• Latest

Хемофиличарите ќе го одбележат светскиот ден со апел за подобар третман

April 17, 2018
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ/А. Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ со Арена и „странски служби“, студентите од врата до врата

October 4, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026
Днипропетровск, 3 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Нови воздушни напади, жестоки борби и цивили заробени меѓу гладот и мините во Олешки

October 4, 2026
Студентски протести, Франција, 3 октомври 2026 (фото: скриншот, Facebook / Be Social Observer)

Франција пред нов бран ученички и студентски протести, најавен голем протест за 6 октомври

October 4, 2026

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Хемофиличарите ќе го одбележат светскиот ден со апел за подобар третман

April 17, 2018 08:55
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Споделувањето на знаењето не прави посилни“ е мото на годинашното одбележување на Светскиот ден на хемофилијата 17 Април, организирано од Светската федерација за хемофилија. На глобалното одбележување се придружува и Здружението на хемофиличарите на Македонија, кое информира дека нема  причина за славење и на овој ден ќе апелира да се сврти вниманието кон лицата со оваа хронична болест-состојба која, како што наведува, ги избрала нив, а не тие неа.

– Се работи за реални животни приказни на голема група луѓе, зборуваме за цели семејства кои го носат бремето на лошата грижа за лицата со хемофилија. Затоа оваа година нема да славиме – тоа ќе биде нашата протесна нота и кренат глас дека третманот и стаусот на хемофиличарите во Македонија мора да се промени, наведува Здружението, кое Светскиот ден на хемофилијата ќе го одбележи напладне на плоштадот „Македонија“ од каде, како што најави, ќе пуштат во воздух црвени балони и зборови обоени со мака.

Од надлежните ќе побараат решенија за доцнењето на тендерите од кои зависат и се доведени во ризик, за двегодишното отсуство на ортопедска интервенција која е неопходна за квалитетен живот на хемофиличарите со оштетени зглобови.

Хемофилијата е наследна генетски условена состојба која се карактеризира со целосен недостаток или намалено ниво на факторите кои учествуваат во запирање на крвавењето. Поради недостаток на фактор VIII (хемофилија А), односно фактор IX (хемофилија Б), крвавењето трае подолго отколку кај луѓето кои не се соочуваат со овој проблем.

Според податоците од Центарот за хемофилија при Институтот за трансфузиона медицина, во Македонија се регистрирани 211 лица со хемофилија А, 104 со хемофилија Б и четири лица со хемофилија и инхибитори.

Хемофиличарите имаат бројни крвавења кои настануваат спонтано без некоја видлива причина или повреда и најчесто се присутни во зглобовите и мускулите.

Здружението посочува дека бројот на крвавења кај лицата кои имаат тешка форма на хемофилија е многу голем и достигнува просечно од 24 до 48 крвавења годишно, просечно од два до четири пати во месецот. Половина од лицата со хемофилија имаат постојана болка, 59 проценти имаат ограничена подвижност, 49 отсто развиваат артритис, а 80 проценти од лицата со хемофилија изјавиле дека таа им влијае негативно на вработувањето.

Светскиот ден на хемофилијата се одбележува од 1989 година, а 17 април е избран по датумот на раѓањето на Френк Шнабел – хемофиличар, основач на Светската федерација за хемофилија.


Извор: МИА

Tags: здравствосветски денхемофилија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ