• Latest

Чолош: Со валкана изборна кампања, губитници ќе бидат и граѓаните и државата

February 21, 2020

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Чолош: Со валкана изборна кампања, губитници ќе бидат и граѓаните и државата

February 21, 2020 14:13
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Независно од резултатите од изборите на Северна Македонија ќе и треба силно мнозинство во Собранието, за да ги спроведе реформите кои се потребни и за народот, но и со цел да успее во процесот на пристапување во Европската Унија, изјави денеска лидерот на парламентарната група Обновена Европа во Европскиот парламент, Дачијан Чолош на заедничка прес-конференција со премиерот Оливер Спасовски.

„Ако реторикаta отиде во валкана насока, губитници ќе бидат граѓаните на Северна Македонија, но и самата држава. Затоа сметаме дека е важно и медиумите да создадат атмосфера и рамка за една дебата за тоа што политичарите и политичките партии сакаат за Северна Македонија во иднина“, истакна Чолош одговарајќи на новинарско прашање околу текот на изборната кампања.

Европратеникот Чолош нагласи дека токму затоа се инсистира реториката за време на изборната кампања да се одржува во рамки кои ќе овозможат отворање на вратите за соработка меѓу партиите по изборите.

„Единствените резултати што можеме да ги добиеме со валкана реторика е да ги оставиме луѓе да останат дома и да не излезат на гласање. Без политичко мнозинство, без легитимитет од народот, без голема излезеност, мнозинството во Парламентот ќе биде помало и не ќе може да се спроведуваат реформите“, додаде Чолош.

Тој нагласи дека на Северна Македонија и се потребни реформи и ако некои политички субјекти ја користат кампањата само за да напаѓаат без да нудат конкретни решенија, тогаш губитници ќе бидат сите, вклучително и ЕУ.

„Јас како Романец и пратеник во Европскиот парламент ја сматам Северна Македонија како партнер, затоа што ако зборуваме искрено, културно и во географска смисла, вие сте Европејци. Единствено што треба да го направиме сега, е да ги зближиме нашите визии за да работиме заедно“, истакна Чилош.

Премиерот Спасовски од своја страна истакна дека Владата ќе спроведе фер и демократски избори, односно ќе создаде вистински амбиент да можат институциите да функционираат нормално и да се создаде атмосфера граѓаните да донесат слободни одлуки.

Одговарајќи на прашањето за очекувањата од изборната кампања, Спасовски истакна дека дали таа ќе биде валкана ќе зависи од политичките субјектите што учествуваат во изборниот процес.

„Мислам дека одредени политички субјекти се уште не разбраа дека луѓето ги сакаат позитивни работи. Сакаат да видат што е тоа што вие ќе им го понудите на нив. Каков развој и просперитет, каква надеж нудите за државата, кои се тие приоритети кои што се од интерес на граѓаните“, рече Спасовски.

Тој порача дека сите политички партии треба да се издигнат на висината на сопствената одговорност во изборниот процес и да покажат нов начин на водење на изборната кампања со вредности прифатливи за граѓаните.

„Напредокот и иднината на државата, давањето надеж на граѓаните е многу поважно, отколку враќање назад на она за што ние добро сведочевме во време на заробената држава“, нагласи Спасовски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ