• Latest

Храна за сиромашните граѓани со „ОброкЗаСите“

March 23, 2018
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Храна за сиромашните граѓани со „ОброкЗаСите“

March 23, 2018 14:39
in Uncategorized, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сите заинтересирани микро, мали и средни компании, како и граѓански организации можат да се пријават на јавниот повик на Фондот за иновации и технолошки развој и  Министерството за труд и социјална политика „ОброкЗаСите“ кои со финансиски средства ќе помогнат да се реализираат најиновативните решенија за обезбедување храна за сиромашните граѓани, понудени на повикот.

– „ОброкЗаСите“ цели кон изнаоѓање на иновативно, системско и одржливо решение за обезбедување на храна за лица и семејства со реална потреба од поддршка на заедницата. Со решението ќе се овозможи вишокот храна од производителите на храна, дистрибутерите, трговците, угостителските објекти и домаќинствата што би сакале да бидат дел од оваа платформа, ефикасно да биде распределена и доставена до одредени места каде социјално загрозени граѓани имаат пристап, рече на денешната прес-конференција Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Тој додаде дека решението треба да претставува модел на взаемна интеракција на сите учесници во системот.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска смета дека развојот на социјалното претприемништво треба да придонесе за развој на солидарноста во општеството и кохезија помеѓу повеќе групи кои живеат во социален ризик.

– Овој повик треба да овозможи да се најде иновативно решение за да се обезбеди храна на сите. Да осмислиме систем што ќе значи собирање на вишоците храна кои остануваат и во моментов завршуваат на отпадите и да се насочат кон оние граѓани за кои оваа храна значи многу бидејжи живеат во сиромаштија, рече Царовска.

Јавниот повик е отворен од денеска до 21 мај. Тој се однесува на сите микро, мали и средни претпријатија и граѓански организации што работат во доменот на социјалното претприемништво или имаат намера својата дејност да ја прошират на ова поле.

Вкупниот буџет за овој повик е два милиони денари. Директорот на Фондот Деспотовски информираше дека ќе се финансираат 90 проценти од вредноста на проектот, а 10 проценти ќе треба да покрие самиот апликант.

Од Фондот ги повикуваат и сите веќе постоечки иницијативи да се пријават и вклучат во јавниот повик, со цел, како што посочуваат, заеднички да се зајакне социјалната кохезија и да се генерираме општествена вредност.


извор: МИА

Tags: „ОброкЗаСите“Мила ЦаровскаМинистерството за труд и социјална политикаФондот за иновации и технолошки развојхрана
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ