• Latest

Хрватска им нуди станови на лекарите за да останат во земјата

November 8, 2017
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Хрватска им нуди станови на лекарите за да останат во земјата

November 8, 2017 10:37
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во последните четири години Хрватска ја напуштија 565 лекари, поради што се подготвува мерка за решавање на станбеното прашање на дефицитарните високообразовни кадри.

На пациентите им е добро, но на директорот на болницата во Сисак не му е добро, бидејќи му недостигаат лекари. Некои заминале во странство, некои во Загреб, некои во пензија. Лекари позајмува од другите установи.

– Имаме потреба барем од двајца-тројца радиолози, а веќе неколку години не ни се јавува никој за специјализација по инфектологија, и пулмологија, изјави Томислав Дујменовиќ, директор на општата болница „др.Иво Педишиќ“ во Сисак.

Се планира да се обезбедат станови во близина на болницата во Сисак и во Петриња, со помош на жупанијата и да им се понуди на лекарите целосно бесплатно снестување или со минимален надомест.

– На овој начин ги повикувам сите лекари кои сакаат да специјализираат, кои сакаат да работат, да дојдат во нашата болница. На секој начин ќе им овозможиме овде да се чувствуваат добро, а притоа и да решат некои свои животни проблеми, рече Дујменовиќ.

Ова што веќе се прави во Сисак наскоро би можело да се прави и во цела Хрватска. Во Министерството за градежништво се подготвуваат измени на Законот за општествено поттикната станбена изградба со што би се решило прашањето на дефицитарен кадар во јавните служби.

– Со предлогот ќе се овозможи бесплатен престој додека им трае службата, изјави Жељко Ухлир, државен службеник во Министерството за градежништво.

Ова мерка приоритетно ќе се однесува за послабо развиените средини. На ваков начин, покрај лекарите, се планира да се задржат и кадрите во културата, научниците, наставниците.

– Особено наставниците кои предаваат предмети како математика, природни науки, јазици, кои се дефицитарни во некои делови на Хрватска. Важно е да има вакви мерки кои позитивно влијаат на младите луѓе да останат, изјави Блаженка Дивјак, министерка за наука и образование.

Програмата треба да започне во првата половина следната година. Дел од становите за оваа мерка веќе се подготвени, а дел треба да почнат да се градат.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

 

Tags: докторииницијативаИсселувањеХрватска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ